1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Една година по убиството на Гадафи, Либија уште не е слободна

Претседателот на либиското национално собрание Мохамед ал Мегариџеф изјави денеска, по повод годишнината од смртта на поранешниот водач Моамер ел Гадафи, дека не се сите делови на Либија се ослободени.

Кампањата за ослободување на земјата не е целосно завршена, рече Мегариџеф на државната телевизија. Како пример го наведе градот Бани Валид, кој во изминатите денови стана место на судири и претставува едно од последните упоришта на силите на Гадафи.

Мегариџеф, претседател на демократски избраното Генерално национално собрание, изнесе мрачна проценка за пост Гадафи периодот. Тој посебно ги истакна „одложувањата и негрижата“ во процесот на формирање професионална војска и полиција и неуспехот во разоружувањето и интегрирањето на поранешните бунтовници. Тој го спомена и одложувањето во реактивирањето и раформирањето на правосудството, кои се пречка за национално помирување.

„Оваа ситуација доведе до незадоволство и тензија меѓу различните сегменти на општеството и придонесе за распространување на хаосот, нередот,. корупцијата и слабости во работата на различни владини агенции“, потенцираше Мегариџеф.

Инаку по 40 годишно владеење со Либија, пред точно една година, либиските бунтовници на суров начин го убија Моамер ел Гадафи. Тој самиот себеси се нарекуваше „водач на револуцијата“ и „крал на сите кралеви“, Гадафи имаше многу лица. На Западот  главно важеше како деспот од пустината, безскрупулозени ексцентричен. Во некои африкански земји пак важеше како добар сојузник. Со неговото убиство беше пропуштена можноста да му се суди за бројни злосторства за кои беше осомничен.