1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Една година по убиството на Беназир Буто

Таа беше „Гласот на сиромашните, потиснатите и работниците“. Со овие зборови пакистанскиот премиер потсети на политичарката Беназир Буто, убиена пред една година. Повеќе стотици приврзаници се собраа да и оддадат почит.

default

Пакистан се сеќава на Беназир Буто

Стотици илјади луѓе во Пакистан и оддаваат почит на опозиционата политичарка Беназир Буто, убиена пред една година. Нејзините приврзаници денеска масовно се упатија и кон гробот во родното место на Буто, Гари Куда Бакш на околу 300 километри северо-источно од Карачи.

Највеното јавно обраќање, по повод годишнината, на нејзиниот сопруг Асиф Али Зардари е откажано од безбедносни причини. Зардари го презема раководството со Пакистанската народна партија по смртта на неговата сопруга. Понесена од бранот сипатии, партијата победи на изборите на 18 февруари годинава, а Зардари во меѓувреме стана претседател на Пакистан.

Кој го изврши атентатот?

Gedenkveranstaltung für Benazir Bhutto

Годишнина од убиството на Буто

Беназир Буто, која двапати беше премиер на Пакистан беше убиена на 27 декември 2007 година за време на предизборен митинг во градот Равалпинди. Од масата луѓе, едно лице испука куршум кон политичарката, којашто ги поздравуваше приврзаниците од автомобилот. Неколку секунди потоа експлодираше и бомба. При атентатот животот го загубија најмалку 23 лица.

Тим на британската полиција Скотланд Јард по петнеделна истрага дојде до заклучок дека Буто починала поради повреди во главата, кои си ги нанела барајќи заштита во блиндираното возило. Оваа верзија ја застапуваше и тогашната пакистанска влада. Приврзаниците на Буто пак сметаат дека таа била убиена, а за тоа според нив соодговорна е тогашната влада на поранешниот генерал Первез Мушараф. Тој од своја страна го застапува гледиштето дека зад атентатот стојат исламистичките екстремисти. Десет недели претходно, само неколку часа по нејзиното враќање од егзил во Пакистан, беше извршен обид за атентат врз опозиционата полтичарка Буто.

Пакистан бара меѓународна истрага

Gedenkveranstaltungen für Benazir Bhutto

Една година по атентатот

Сопругот на Беназир Буто, пакистанскиот претседал, Али Зардари, повторно побара да се поведе нова истрага за антентатот од страна на ОН. Светската организација веќе го разгледува ова барање, а генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, во очи годишнината од убиството на Беназир Буто изрази надеж дека ќе биде ангажирана комисија на ОН за расветлување на случајот.

Премиерот на Пакистан, Јусуф Раза Гилани, во телевизиско обраќање денеска за Беназир Буто рече дека таа била „Гласот на сиромашните, потиснатите и работниците“ надеж за народот и надеж за регионот.