1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Една година затвор за продуцентот на антиисламското видео

Продуцентот на антиисламското видео „Невиноста на муслиманите“ мора да одлежи една година затвор поради прекршување на условната казна добиена во 2010-та година, пресуди судот во Лос Анџелес.

Марк Баселеј Јусеф, познат како Накула Баселеј Накула, ќе ја одлежи казната во еден од американските федерални затвори. Тој е прогласен за виновен по четири точки од обвинението, кое инаку содржеше осум точки. Обвинителството бараше две години затвор. Обвиненијата, како што се наведува, не се поврзани со спорното антиисламско видео. Деловите од видеото објавени на интернет предизвикаа безредија во муслиманскиот свет. Притоа загинаа повеќе од 50 луѓе, меѓу кои и американскиот амбасадор во Либија.

Коптскиот христијанин призна дека настапувал под лажно име. Употребата на псевдоними, меѓутоа, нему му е забранета во 2010. година, кога беше осуден поради измама. Тој отворил 60 банкарски сметки под лажно име. 55-годишниот Накула беше уапсен на крајот на септември, откако неговото видео предизвика насилни протести. Во исламскиот свет за него се бараше најстрога казна, а еден пакистански министер понуди 100.000 долари за убиство на Накула.