1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Една Борусија на врвот, друга на дното

Борусија Дортмунд ја освои титулата- есенски шампион во фудбалската Бундеслига, откако ја забележа и 13-та победа во 15-от првенствен натпревар. Милионерите незадржливо грабат кон првата титула по пауза од 9 години.

default

Навивачите на Борусија (Д) сезонава имаат многу причини за славење

Борусија Дортмунд продолжи со незапирливо темпо и по 15-то коло кое викендов се одигра на бундеслигашките терени. Тимот на тренерот Јирген Клоп победи со 2:0 на гостувањето кај Нирнберг и на две кола пред зимската пауза ја завери есенската титула. 40 поени, колку што досега освои Борусија, по 15 кола, не освоила ниту една друга екипа во историјата на лигата, а само два тима успеале да ја освојат есенската титула на две кола пред крајот.

„Уште од вчера станавме есенски прваци и тоа кај нас не предизвика никакви особени чувства, ниту радост ниту нешто слично. Во секој случај, подобро е што сме овде, отколку кога не би биле. Освоивме 40 поени, и можеше да биде и многу полошо“, изјави тренерот на Борусија, Јирген Клоп.

Fußball 1. Bundesliga 14. Spieltag FC Bayern München Eintracht Frankfurt

Теофанис Гекас води на листата на стрелците

Десет поени зад Дортмунд се наоѓа екипата на Мајнц. Тимот на македонскиот репрезентативец Николче Новески во саботата загуби на гостувањето кај Ајнтрахт во Франкфурт, но тренерот Томас Тухел не беше премногу загрижен.

„Секако дека посакувавме друг исход од мечот. На почетокот од второто полувреме ја пронајдовме вистинската игра. Во секој случај, со еден поен ќе бевме задоволни, но пред крајот на мечот примивме гол од пенал и повеќе не можевме да се вративме во игра“.

Гекас и Цисе продолжуваат со полнење на мрежите

Победничкиот гол за Франкфурт го постигна Гркот Теофанис Гекас, кој сега со 13 погодоци ја предводи листата на стрелци.

Со победничката серија продолжи Бајер Леверкузен. Во локалното дерби против Келн, Бајер славеше со 3:2 и се зацврсти на третата позицијата на табелата, по шестиот натпревар без пораз. Келн падна на претпоследното место на табелата, иако во текот на целиот меч беше во најмала рака рамноправен противник и не го заслужи поразот. Тренерот на Бајер, Јуп Хејнкес беше незадоволен и покрај освоените три бода.

„Поведовме со 3:1 и мислам дека потоа ги спакувавме торбите, наместо да одиграме попаметно. Поради тоа веднаш и примивме гол“.

Уште еден погодок во изминатото коло и за Папис Демба Цисе. Сенегалецот погоди уште во 4-та минута во дуелот против Хамбургер, и неговиот 11-ти гол беше доволен за победата на Фрајбург, со која тимот се искачи на петтото место на табелата.

Шалке поуспешен во големото дерби против Бајерн

На четвртата позиција е уште едно големо изненадување сезонава, тимот на Хановер. Со пресврт на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах по негативата од еден гол, Хановер победи со 2:1 и ги однесе трите бода, додека Борусија падна на последното место на табелата.

Fussball, 1. Bundesliga, Saison 2010/2011, 15. Spieltag, FC Schalke 04 - FC Bayern Muenchen

Шалке го совлада Бајерн во големото дерби. фото: Швајнштајгер (Б) во дуел со Мецелдер (Ш)

Тимот на Шалке излезе со криза, со неочекуваната победа над актуелниот првак Бајерн Минхен, со 2:0. И покрај супериорноста Бајерн повторно остана со празни раце, а виновникот беше репрезентативниот голман Мануел Нојер. Тренерот на Шалке, Феликс Магат оцени дека неговиот тим заслужено победи.

„Во првото полувреме бевме повеќе резервирани, но по водството од 1:0 нештата се сменија. Ја презедовме иницијативата и го контролиравме мечот до крајот. Севкупно, мислам дека заслужено победивме“.

За разлика од Шалке, кој успеа да се извлече од дното на табелата, тоа не му тргна од нога на Штутгарт, кој на домашен терен одигра нерешено 1:1 против Хофенхајм, и покрај тоа што гостите го одиграа речиси целото второ полувреме со играч помалку.

Северното дерби меѓу Волфсбург и Вердер ги разочара гледачите. Двата тима промашија по еден пенал, и одиграа без голови. Во петокот, Сенкт Паули освои значајни бодови во борбата за опстанок со победата над Кајзерслаутерн од 1:0.

Автор: БГ/дв

Редактор: