1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Еднакво голем меѓу великаните на Земјата

Иако духовите се разидуваа кога е во прашање Јован Павле Втори, тој неспорно влегува во историјата во суперлативи како харизматичен лидер , визионер со силна воља. Коментар на Карола Хосфелд

default

Јован Павле Втори повеќе од четврт век со авторитет ја водеше својата Црква , чив сегашен профил го носи неговиот ракопис : во него е вткаена неговата личност и духот на времето, кој при изборот на Карол Војтила веќе одамна силно тропаше на црковните порти . Во 70-те години на минатиот век , католичката Црква се гледаше притисната меѓу капитализамот и комунизмот. Секуларизацијата и материјализмот израснаа во доминантна идеологија на западниот свет. Бурата на општествените промени на она време ги потресе темелите на Црквата , за што и самата го трасира патот на почетокот на 60-те години.

На 2-иот Ватикански концил , кој траеше од 1962 до 65-та година , каоличката црква самаат си нареди модернизација . беше укинато одржувањето миси на латински јазик, лаиците и бискупите беа ревалоризирани , стремежот беше кон колегијално раководење со Црквата . „Отворањето кон светот“ не остана без дејство ниту внатре во црквата. Теолозите ги ставија под прашање сите догми , католиците , повикувајќи се на нагласената од страна на Концилот лична одговорност пред сопствената совест , ја игнорираа забраната за вештачко спречување на зачнувањето, во Латинска Америка свештеници и калуѓери се поврзаа со марксизмот.

Концилот впрочем , се пожали во однос на праведноста и мирот. Папата Павле Шести , кој како наследник на Јован 23/ти требаше да го приведе Концилот кон крај , во прогресивните сили кои се стремеа кон плурализам во Црквата гледаше опасност за автентичноста на католицизмот. Тој стравуваше од разводнување на темелните католички принципи , а му се чинеше и оти е загрозен и приматот на папската функција.

Започна фаза на реставрација , која кулминираше со папската енциклика „Хумане вите“ со која е забрането вештачко спречување на зачнувањето. Јован Павле Втори го продолжи тој морално рестриктивен курс , давајќи им шанса на критичарите , кои му префрлаа за „насовременост“.

Не помала тежина има и тоа што со својот централистички стил на раководење стана спорен и внатре во црквата , дури и меѓу бискупите.

Величината на Јован Павле Втори беше во способноста однапред да ги толкува знаците на времето и да ја пишува историјата на светот, како никој од неговите претходници . Неговиот избор во 1978 година како последица го разниша Источниот блок. Тој неуморно земаше збор против угнетувањето , неслободата , кршењето на човековите права, го креваше гласот за мир и против војна и тоа до крајот на животот.

Немилосрдно го критикуваше капитализамот, Настан на столетието беше неговата Меа кулпа , односно признавањето на вината за гревовите на Црквата. Тој настојуваше на екуменски разговор , како прв Папа посети синагога и џамија.

Неговото пледоаје за почитување на светските религии беше грандиозна услуга за мирот . Неговиот мировен Самит на религиозните водачи од целиот свет во Асизи , беше камен темелник во историјата на религијата и на цивилизацијата .

И иако духовите се разидуваа кога е во прашање Јован Павле Втори, тој неспорно влегува во историјата во суперлативи како харизматичен , визионер со силна воља, наследник на Свети Петар , како “сосема голем меќу великаните на Земјава “ –според зборовите на еден италијански писател. За неговиот наследник тоа е тешко наследство.