1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Единство за климата

На половина од мандатот,денеска германскиот владин кабинет го продолжува дводневното советување ,синоќа беа донесени неколку значајни одлуки,за климата и за доаѓање стручни кадри од странство

default

Германската влада на советувањето

Германската влада синоќа ја изгласа Програмата за заштита на климата.Пакетот содржи 30 точки,предвидува заштеди на енергијата при загревањето на домаќинствата и намалување на емитувањето штетни гасови во атмосферата.До 2020 година емисијата на ЦО2 треба да биде намалена за 40 проценти во однос на состојбата од 1990 година. Министерот за екологија Зигмар Габриел од Социјалдемократската партија и министерот за економија Михаел Глос од Социјално христијанската унија долго спореа и кратко пред состанокот ги надминаа последните спорни точки.Важен компромис,кој ќе придонесе за добро расположение меѓу Унијата и СПД во големата коалиција.Глос со изјава:

“Да,доброто време е симптоматично за климата во коалицијата,а тоа сигурно ќе придонесе со доверба да гледаме во втората половина од мандатот.”

Кабинетот даде зелено светло за пакетот за надминување на недостатокот од стручни кадри.Така,на странските студенти и квалификуваните лица во иднина ќе им биде олеснет пристапот на германскиот пазар на работна сила.Тоа звучи хармонично,иако не значи дека не постојат спорни точки меѓу Унијата и Социјалдемократите.Но,во овој момент тие не сакаат да заглавуваат во расправии,министерот за труд Франц Минтеферинг од СПД:

"Ваквото советување е шанса да се погледне на целината,не само на деталите,туку да се разговара за целосниот концепти да се види што може да се направи заеднички."