1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Единство во Советот за безбедност за хуманитарната помош за Сирија

Највисокото безбедносно тело на Светската организација усвои резолуција за Сирија со која едногласно се бара слободен пристап на хуманитарните работници во оваа земја.

Според наводите на Организацијата на Обединитети нации, на 9,3 милиони луѓе во Сирија итно им е потребна хуманитарна помош. Советот за безбедност на Обединетите нации реагираше и за првпат беше единствен кога станува збор за Сирија. Во Њујорк беше усвоена резолуција за хуманитарната криза во земјата, со која се бара сириската влада и опозицијата веднаш да обезбедат пристап за хуманитарните конвои. Тексотот на оваа резолуција долго беше спорен. Трите претходни предлози пропаднаа поради најавата за вето од страна на Русија и на Кина. Последниот предлог кој го изготвија Луксембург, Австралија и Јордан, беше задоволувачки за Русија, која е најблискиот сојузник на властите во Сирија, како и за Кина, па овие две земји одлучија да се придружат на 15-члениот СБ на ОН во испраќањето на остра порака, пред сѐ до режимот на Башар ал-Асад, дека храната, лековите и другите неопходни работи не смеат да бидат блокирани.

Резолуцијата не предвидува санкции, на што инсистираше Русија. Со документот се бара сите страни, посебно сириската влада, што побрзо да „овозможи брз, безбеден и непречен пристап... преку линиите на конфликтот и преку границата“ за химанитарната помош и ги повикува двете страни „веднаш да ги прекинат опсадите на населените места“.

„Хуманитарната помош не е нешто за што се преговара, тоа е нешто што мора да биде овозможено врз основа на меѓународното право... Многу е шокирачко што двете страни ја користат тактиката опсада на цивилите“, истакна генералниот секретар на ОН , Бан Ки Мун.

Тој посочи дека околу 200.000 луѓе се под опсада на владините сили, а 45.000 под опсада на бунтовниците.