1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Единството секогаш носи успех

Потпретседателот на САД, Џо Бајден, ги повика сојузниците од НАТО да не попуштат во борбата против тероризмот и Талибанците. Тој во Брисел порача дека единството во Алијансата за Авганистан има еднакво голема важност.

default

Бајден дојде да ги сослуша европските сојузници

Посетата на американскиот потпретседател Џозеф Бајден на Брисел, неколку дена по посетата на шефицата на Сетјт департментот, Хилари Клинтон, преставува јасен сигнал дека трансатлантските односи се од голема важност за претседателот Барак Обама. Исто така, забележлив е и нов тон. Бајден и Клинтон најнапред истакнаа дека се дојдени за да ги сослушаат своите сојузници. За разлика од нив, претставниците на владата на Џорџ Буш доаѓаа со нови барања, ја делеа Европа на стара и нова и како резултат на тоа - на двете страни на Атлантикот паѓаа тешки зборови. Сега, значи, треба се’ да биде поинаку. „Кога навистина сме единствени имаме само успеси. Потребно ни е единство, кога станува збор за Авганистан“, порача Џо Бајден.

Мора заеднички да се справиме со предизвиците на 21 век

Belgien NATO USA Joe Biden in Brüssel mit Generalsekretär Jaap de Hoop Scheffer

Заедно против Талибанците - Бајден и Шефер

Меѓутоа, новите форми на пристап не менуваат ништо во однос на сериозноста на состојбата во Авганистан, а се’ повеќе и во Пакистан. Американскиот потпретседател во повторното зајакнување на Талибанците во двете земји гледа закана за целиот западен свет. „Луѓето во Европа, исто како и луѓето во мојата земја се жртви во оваа војна“, истакна Бајден и додаде: „Многу наши граѓани прашуваат зошто испраќаме трупи во земја, која е толку одалечена од нашите татковини. Но, како политичари кои мораат да се грижат за безбедноста на граѓаните, знаеме дека никој од нас не може да негира дека ние мораме да се справиме со заканите на 21 век“, потенцира Бајден.

Само воен ангажман не е доволен

Us-Elitesoldaten

Успехот нема да се постигне само со воен ангажман

Тој смета дека токму од Авганистан и Пакистан потекнуваат практично сите исламистички напади од изминатите години, од оние на 11 септември 2001 во САД, преку оние во Мадрид, Лондон, па се’ до нападите во Бомбај пред неколку недели. Поради тоа, Обама планира во Авганистан да испрати уште 17.000 војници, а истото дака да го направат и сојузниците во НАТО. Во ова Обама воопшто не се разликува од претседателот Буш, кој исто така постојано бараше повеќе трупи. Но, додека владата на Буш ја интересираше само воениот ангажман и ја потценуваше обновата на Авганистан, новата американска влада го признава значењето и на другите форми на ангажман. „Неопходно е да се направи еден сеопфатен обид со силен цивилен и дипломатски ангажман, бидејќи знаеме дека ниту во Авганистан ниту во Пакистан нема да постигнеме решение единствено преку воено ангажирање“, порача Бајден.