1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Единица на АРМ оди во Авганистан

Македонскиот парламент донесе одлука за испраќање единица на македонската армија за учество во мировна операција во Авганистан.

default

Со одлуката се предвидува испраќање на 79 Македонци мировници во Авганистан, од кои 32 од ренџерскиот баталјон, 32 припадници на баталјонот од воената полиција, осум од полкот за специјални операции за обезбедување високи гости и седум штабни офицери. Од февруари 2010 година, во наредните девет месеци, тие заедно со американските припадници од Националната гарда на Вермонт ќе бидат ангажираниво менторирање на цивилната полиција на Авганистан и на изведувачките единици на авганистанската национална армија.

„Со овој предлог за зголемување на нашето учество, како држава продолжуваме да ги исполнуваме нашите обврски. Со ова, Република Македонија продолжува да биде респектабилен фактор меѓу земјите членки на НАТО“, рече министерот за одбрана Зоран Коњановски, кој пред пратениците ја образложи предлог-одлуката.

Автор: ЕМФ/миа