1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Еден час повеќе и - внатрешниот часовник е изместен

Еден час повеќе сон поради промена на времето е добро за викенд. Не секогаш, предупредуваат научниците кои го истражуваат сонот. Нашиот внатрешен часовник може да се измести со зимското сметање на времето-со последици.

default

Медицинарите кои го истражуваат сонот предупредуваат сериозно да се сфати промената на зимското сметање на времето викендов. Сменетото време доведува до осум проценти повеќе сообраќајни незгоди. Исто така во наредните денови се зголемува бројот на пациенти кои се упатуваат во болниците со сомнеж за срцев инфаркт, предупреди Германското здружение за истражување на сонот и медицина на сонот.

„Со промената на времето човековиот организам доживува еден вид мини-џетлег“, изјави членот на управниот одбор на здружението Ханс-Гинтер Вес. Би можело да трае повеќе денови до неколку недели додека човекот не се прилагоди на променетите дневни времиња и сменетиот ритам на светол и темен период во текот на деноноќието. Погодени се пред сѐ старите лица и децата.

Zeitumstellung Junge Frau mit Wecker

Промената на времето го изместува внатрешниот часовник на луѓето

Часовниците во текот на ноќта кон недела од 3.00 часот по полноќ ќе се вратат на 2.00 часот по полноќ - тоа значи еден час повеќе сон. Меѓутоа човекот поседува многу прецизен внатрешен часовник, кој е сместен во мозокот и тесно е поврзан со ритамот светло-темно, појаснува Вес. Преку овие региони на мозокот, меѓу другото се контролира излачувањето на хормонот мелатонин. Мелатонинот учествува во управувањето на многу телесни активности, на пример во фазите на спиење и на будност. Но, тој е задолжен и здравствениот капацитет, телесната температура како и чувството за глад и ситост.

На есен, промената на часовниците се поднесува полесно во внатрешниот часовник отколу кога почнува летното сметање на времето на пролет, вели медицинарот кој го истражува сонот. Тој појаснува дека тоа е поради тоа што е полесно покасно да се оди на спиење и да се заспие, отколку пред вообичаеното време. Но и промената во зимско сметање на времето би можела да има последици и тоа да предизвика чувство на замор, проблеми во спиењето и главоболка.

Попроблематично од времето меѓутоа се кратките есенски и зимски денови и послабата дневна светлина во текот на овие годишни времиња. Ова би можело да доведе до чести лоши расположенија, па сѐ до зимска депресија.