1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Еден час за планетата Земја“

Почна акцијата за заштита на планетата Земја. Во илјадници градови во повеќе од 120 земји од светот, светлата ќе се изгаснат за еден час. Македонија не учествува во акцијата.

default

Со изгаснати светла за заштита на климата- Сиднеј

На почетокот на светската акција за заштита на климата „Еден час за планетата Земја“, операта и пристаништето во Сиднеј ги изгаснаа светилките од 20 часот и 30 минути до 21 часот и 30 минути по локално време. Во акцијата учествуваа и милиони австралиски домаќинства.

WWF Logo

Најголемата маѓународна организацијата за заштита на животната средина „WWF“ е иницијатор на акцијата во која покрај Сиднеј учествуваат повеќе илјади градови во преку 120 земји во светот. Од балканскиот регион учествуваат сите земји, освен Македонија. Во знак за заштита на планетата светлата ќе се згаснат и на стотина светски градби од Ајфеловата кула, преку готската катедрала во Келн па се‘ до Забранетиот град во Пекинг.

„Еден час за планената Земја“ е симболична протестна акција за заштита на климата, која за првпат беше спроведена во 2007 година. Заштитниците на животната средина со неа годинава сакаат да потсетат на пропаднаниот климатски самит пред три месеци во Копехаген.

Автор: АТ/СН/афп/макфакс

Редактор: Симе Недевски