1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Еден фудбалски клуб - сите роднини

Секој фудбалски клуб во светот би можел да и позавиди на Херта од Реклингхаузен. Овој „амбициозен“ клуб кој игра во аматерската лига во Германија го има Омајрат, кој буквално е насекаде на теренот.

Еден фудбалски тим, едно презиме: Омајрат. Тие се браќа, внуци и синови од едно големо семејство со либанско потекло и играат во Херта Реклингхаузен во Рурската област. Тука сите им се радуваат на засилувањата.

„По правило, ние од раководството се грижиме за доведување играчи во екипата. Како што можете да видите, тоа кај нас е многу поедноставено“, вели Михаел Гаснер од управата на на Херта Реклингхаузен.

Омајрат е во офсајд. Корнер: Омајрат. Слободен удар: Омајрат. Шут, за малку над голот. Омајрат е сигурен и во средниот ред. Семејството го сочинува комплетниот прв тим, резервите, тренерот и неговиот помошник.

За судијата најважно од сѐ: да ги провери броевите на Омајрат тимот.

„Прво помислив дека е грешка. Искрен да бидам, си помислив: ’О боже, што е ова?' Но, потоа откако ги проверив пасошите, видов дека е в ред“, објаснува судијата Дитер Барт.

Омајрат на теренот, се разбира и навивачите се Омајрат. Еден Омајрат се повреди. На негово место на теренот влегува друг Омајрат.

На крајот, резултатот е 0:0. Нерешено против лидерот на табелата. Махмуд, еден од редот Омајрат фудбалери на Херта Реклингхаузен вели дека е полесно кога се игра во ист тим со роднини и додава: „Позабавно е кога толку добро се познаваме меѓусебе. Мижејќи се разбираме“.

Омајрат ќе мора да отсуствува повеќе месеци - скршеница на ногата. На негово место во тимот ќе влезе Омајрат. „Моето семејство е доволно големо. Секогаш има замени. Не е проблем да најдеме нови играчи.“

Големото фудбалско семејство прва година игра заедно. Неизвесно е дали ќе избори пласман во повисок ранг, но вниманието од медиумите му е гарантирано.