1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Еден уапсен во Франција за нападот врз војникот

Четири дена по нападот врз францускиот војник во Париз, полицијата уапси едно осомничено лице. Од кругови на истражните органи се вели дека тој бил приврзаник на „традиционалистички или дури редикален ислам“.

По нападот со нож врз француски војник во Париз уапсено е едно осомничено лице. 22- годишникот бил уапсен во Ла Вериере западно од Париз, соопшти француското министерство за внатрешни рабoти.

Осомничениот бил приврзаник на радикалниот ислам. Имено, според истражните органи, уапсениот веќе и‘ бил познат на полицијата поради неговите „религиозни убедувања“. Освен тоа во визирот на безбедносните органи бил поради ситни казнени дела, меѓу нив и кражба.

Во рамките на истрагата полицијата анализираше и видео материјал. На сликите, според истражните органи можел да се види осомничениот како кратко пред да го изврши делото се молел. Освен ова полицијата на местото на нападот пронајде оставена чанта со нож како и едно шише. Осомничениот е идентификуван со помош на ДНК траги.

Францускиот војник во саботата беше нападнат за време на една патрола во Париз и беше повреден во вратот со убодно оружје. Се'уште е нејасно дали делото има терористичка заднина.

Пред една недела во Лондон на улица брутално беше убиен британски војник од осомничени исламисти.