1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Еден од осомничените за нападот во Бостон мртов, вториот во бегство

Голема потера, еден осомничен - мртов, еден во бегство: по терористичкиот напад врз Бостонскиот маратон, истрагата се одвива со брзо темпо, а состојбата е и натаму непрегледна.

Четири дена по терористичкиот напад врз Бостонскиот маратон, еден од двајцата осомничени бомбаши е убиен по драматична потера по него. Потрагата по вториот осомничен денеска (19.04) се одвива во околината на Бостон. Полицијата го предупреди населението да биде исклучително многу претпазливо. „Сметаме дека станува збор за терорист“, изјави полициски службеник. Претходно, во кампусот на американскиот елитен универзитет МИТ, во близина на Бостон, застрелан беше еден припадник на полицијата.

Убиениот осомничен, според полициски наводи, е момче со ранец, кое било снимено на целта на маратонот во понеделникот (15.04). Според информации на телевизијата Си-Ен-Ен, тој им подлегнал на повредите во болница, по

USA Schießerei MIT Universität Massachusetts Boston Marathon Watertown

Потерата по вториот осомничен е во тек

драматичната потера по него. Лекарите соопштија дека бил погоден од огромен број куршуми. Полицијата им препорача на граѓаните да не излегуваат од дома и да им отворат исклучиво само на полицајци кои можат да се легитимираат.

До потерата дојде по смртта на полицаец на универзитетот МИТ. Полицискиот службеник таму бил повикан поради попречување на мирот, а потоа бил убиен. Точната позадина на работите засега не е позната.

Во нападот врз маратонот загинаа три лица, а повредени се околу 180. Вчера полицијата првпат објави фотографии на осомничените, на кои се прикажани две момчиња со ранци, во кои, според претпоставкiте, транспортирале експлозив.