1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Еден милион нови имигранти во Германија

Германија е во потрага по обучена работна сила, и минатата година е забележана највисоката стапка на имиграција во последните 15 години. Најголем е бранот од земјите од ЕУ кои се во должничка криза.

Пиги Мурмури е блиску до пензија, но последнава година работеше повеќе од кога било. По 20-ина имигранти дневно го посетуваат нејзиното советувалиште во Католичката црква во Берлин. Најголемиот дел од имигрантите се тукушто пристигнати од Грција и сакаат да дознаат како функционираат нештата во Берлин. До пред една година, вели Пиги Мурмури, доаѓале по четворица имигранти неделно.

„Бројката расте со алармантна брзина“, вели Мурмури, која ја напуштила Грција пред 45 години.

Последните податоци од сојузната служба за статистика потврдуваат дека расте бројот на имигранти кои доаѓаат во Германија од земји зафатени со должничката криза во ЕУ. Минатата година околу 24 илјади Грци дојдоа да живеат и работат во Германија. Тоа е за 10 илјади повеќе од претходната

Polnischer Bauarbeiter auf Baustelle in Deutschland Einwanderung Zuwanderung Einwanderer Lohndumping

Бројот на нови имигранти во Германија минатата година достигна 958 илјади луѓе

2010-та година, и зголемување за 90 проценти. Имиграцијата од Шпанија е порасната за 50 отсто.

Индустријата се радува

Севкупно, бројот на нови имигранти во Германија минатата година достигна 958 илјади луѓе, што е за 20 проценти повеќе од 2010-та година. Уште една причина за големата имиграција е и укинувањето на ограничувањата за граѓаните од новите земји-членки: Полска, Унгарија и Романија.

Голем број од оние кои бараат совет од Мурмури се висококвалификувани.

„Многумина од нив се инженери, доктори или академски граѓани кои не добиле шанса во својата земја. Исто така има и голем број млади луѓе“, вели таа.

Германското стопанство и индустрија им се радуваат на квалификуваните работници.

„Поради стареењето на населението во Германија, потребни ни се околу 2 милиони работници од странство“, вели Дитер Хунт, претседател на Германската служба за вработување. Особено се бараат работници во техничкиот сектор.

Недостиг на информативни центри

Поради тоа што побарувачката за висококвалификувани работници не може да се задоволи само во рамките на ЕУ, германската влада се фокусира и на привлекување обучен кадар од земји надвор од Унијата. Воведувањето на т.н. „сина карта“ треба да го олесни доаѓањето на странци во Германија. Заинтересираното лице треба да приложи универзитетска диплома и работен договор со годишна плата од 45 илјади евра за да ја добие картата.

Според Пиги Мурмури, она што недостасува во целата ситуација се подобри советувалишта за имигрантите кои пристигаат. Првото нешто кое им е потребно на луѓето се информации.

„Какви права имам, какви обврски, каде да аплицирам за работа - ова се најчестите прашања што си ги поставуваат мигрантите, а бројот на информативни центри кои даваат одговори на нив е многу мал“, вели Мурмури.

„Доколку не реагира побрзо, Германија ќе го загуби овој потенцијал“, вели Мурмури, предупредувајќи дека висококвалификуваните имигранти ќе заминат во други земји, доколку не најдат подобар избор во Германија.