1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Еден месец притвор за Кељменди

ЕУЛЕКС денеска (09.05) соопшти дека на Насер Кељменди му е одреден едномесечен притвор. Кељменди важи како еден од најголемите европски мафијашки босови.

default

Насер Кељменди е обвинет за обид за убиство и трговија со наркотици во Босна и Херцеговина. Тој беше уапсен во вторникот (07.05) врз основа на налог којшто го издаде обвинител на Еулекс кој покрена истрага за овој случај. Покрај останатите дела, Кељменди е под истрага и за организиран криминал.

Насер Кељменди во БиХ е обвинет за обид за убиство, како и за продажба и дистрибуција на наркотици во Јужна Америка, Турција, Србија, Хрватска и други земји во Западен Балкан. Тој беше во бегство, а во неделата е уапсен на Косово. Согласно косовските закони, Кељменди беше задржан 48 часа во полиција, затоа што граѓани на Косово не можат да бидат држени во притвор во врска со испорака во отсуство на меѓународен договор. Косово нема таков договор со БиХ. По пуштањето од полициски притвор, Кељменди е уапсен врз основа на налогот којшто го издаде обвинител на ЕУЛЕКС кој покрена истрага во случајот Кељменди за истите дела за коишто тој е обвинет во БиХ.