1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Еден Македонец до победа, друг до пораз во Бундеслигата

Фудбалерите на Бајерн Минхен и покрај тоа што ја обезбедија шампионската титула не престанаа да ги тероризираат своите противници. Хановер е последната жртва на Баварците кои победија со 6:1.

Колото во Бундеслигата мина во знакот на македонскиот ветеран на голот на Ајнтрахт, Ока Николов (на насловната фотографија) е најзаслужиниот за победата на неговиот тим над Шалке. Николов во 24-та минута при резултат 0:0 му одбрани пенал на Мишел Бастос, а до крајот на натпреварот имаше уште неколку одлични одбрани. Ајнтрахт победи со голот на Рус постигнат во 41-та минута.

Вториот Македонец во Бундеслигата Николче Новески со Мајнц загуби во Дортмунд со 2:0. Ројс и Левандовски беа стрелци за Борусија.

Баер Леверкузен со сигурност ќе игра во Лигата на шампиони следната сезона. Во 30-то коло ‘фармацевтите’ го победија Хофенхајм со 5:0.

Победа на домашен терен забележа и Хамбургер – ХСВ со головите на Ван дер Варт ја совлада Фортуна со 2:1