1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Египет ќе им суди на членови на странски НВО

Египетските власти изнесуваат 19 американци и 24 други вработени во невладини организации пред суд. Ги обвинуваат за поттикнување немири.

Египетските власти обинуваат дека невладините организации основани во САД, и кои имаат за цел промоција на демократијата и заштитата на човековите права, го поттикнувале насилството по соборувањето на режимот на Хосни Мубарак. Изведувањето на 43 луѓе од различни невладини организации пред суд се чини дека го продлабочува овој проблем.

Египет и САД беа блиски сојузници три децении, но кампањата против организациите го разлути Вашингтон и ја загрози помошта од 1,5 милијарди долари, што Египет требаше годинава да ја добие од САД. Државната секретарка Хилари Клинтон во саботата (04.02.) предупреди дека неуспехот да се реши овој проблем може да доведе до загуба на американската помош. Вчера (05.02) египетскиот министер Мохамед Амр одговори дека власта не може да се меша во работата на судството.

Уапсени и двајца Германци

Вчера со критика до египетските власти се огласи и германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле, кој забележа за спречувањето на работата на странските организации во Египет. Вестервеле порача дека спречувањето на странските организации да работат е неприфатливо на ниту еден начин.

„Сакаме Египет да ја искористи шансата што ја има да се движи во правец кон демократија и затоа попречувањето на фондациите, кои навистина имаат меѓународна мисија и тоа сериозно го исполнуваат, според наше мислење во ниту еден случај не е прифатливо“, рече Вестервеле.

EU Außenminister Treffen in Brüssel Deutschland Guido Westerwelle

Гидо Вестервеле

Меѓу обвинетите покрај Американци има и двајца Германци, петмина Срби и тројца Арапи. Кон крајот на декември беа извршени рации во просториите на повеќе организации во Египет поради сомневање за илегално финансирање од странство, а меѓу нив нив беше и канцеларијата на германската фондација Конрад Аденауер во Каиро. 

Странци „вмешале прсти“ во протестите во Египет

Во меѓувреме САД побараа официјално објаснување за случајот од египетските власти. Меѓу уапсените Американци е и Сем Лахуд, шеф на канцеларијата на Меѓународниот републикански институт и син на државниот секретар за транспорт Реј Лахуд.

Konrad-Adenauer-Stiftung in Kairo Ägypten

Испразнетите канцеларии на Конрад Аденауер во Каиро

Владејачките генерали во Египет, кои ја презедоа власта по востанието во земјата и кои се предводени од човекот кој му беше министер за одбрана на Мубарак цели 20 години, се обидоа да ги отфрлат критиките за своето владеење со тврдење дека странски раце вмешале прсти во протестите против нив. Притоа често нагласуваат дека демонстрантите добиваат пари од странство за да ја дестабилизираат земјата.

Во новиот циклус насилства во Египет само во минатите неколку дена загинаа 12 лица. Последните насилства избија во знак на револт поради трагедијата на фудбалскиот меч во Порт Саид во која загинаа 74 лица.

Американската помош за Египет е во форма на економска помош, но и помош за замена на старото оружје од советското време со ново, модерно оружје.

Автор: Александар Методијев /ап/ројтерс/дв

Редактор: Борис Георгиевски

DW.COM