1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Египет уште долго време нема да биде демократија

Денеска во Каиро за првпат се состанува новиот египетски парламент. Таму тонот го одредуваат Исламистите, додека вистинската моќ останува кај војската. Загрижувачки се двете работи.

default

Египет го доби првиот демократски избран парламент

Хосни Мубарак од секогаш знаеше дека кога ќе треба да одржат слободни избори во Египет, тогаш Исламистите ќе дојдат на власт. Тоа беше аргументот со кој тој можеше се до пред една година да си ја осигура тридецениската поддршката од западните земји, и покрај сериозните злоупотреби на човековите права. Оваа пренаселена и стратешки значајна арапска земја е под контрола на религиозни фанатици.

Беше ли Мубарак во право?

Еден поглед на распределбата на местата на првиот слободно избран египетски парламент се чини дека ќе ги потврди предвидувањата на Мубарак. Повеќе од 70 проценти од пратениците припаѓаат на исламистичкиот спектрум. Не само релативно умереното и длабоко во египетското општество вкотвено Муслиманско братство, кое може да се чувствува како победник со повеќе од 45 проценти, туку и радикалните Салафисти, кои веднаш можат да обединат повеќе од четвртина од гласовите. Најголеми губитници се либералните апартии и т.н. револуционерна младина, или поточно силата која пред една година со своите храбри протести го симна Мубарак од власт.

An Egyptian soldier stands guard outside the People's Assembly in Cairo, Egypt, Sunday, Jan. 22, 2012, as final preparations are made for Monday's opening session of parliament. Egypt's parliament will convene Jan. 23, after three rounds of balloting for the first post-Hosni Mubarak assembly have been completed and just two days before the one-year anniversary of the start of Egypt's uprising. (Foto:Ahmed Gomaa/AP/dapd)

Набљудувачите стравуваат дека војската нема да и служи на владата

Големиот изборен успех на Исламистите може делумно да се објасни со купување на гласовите и финансиска поддршка од земјите во Заливот. Тој покажува дека голем дел од Еѓипќаните барем во оваа фаза се приклонуваат кон париите кои имаат малку или немаат ништо на ум од европските верувања. Од изборниот резултат не може да се прочита желба за модерно општество, ниту смирувачка порака за христијанското малцинство или, пак, желба за посилна улога на жената во општеството. Актуелната желба на народот покажува нешто друго – Египет треба да стане поисламистички.

Поголем проблем е војската

Ова не значи дека египетските граѓани би гласале за „теократска држава“. Многу гласачи се чини дека им веруваат на Исламистите оти ќе се грижат за поморално и поправедно египетско општество, со помалку корупција, поправедна распределба на богатството и пристап до животните намирници.

Од европска перспектива изборната победа не Исламистите се’ уште е проблематична, бидејќи таа може да ги доведе во прашање еднаквите права на религиозните малцинства, а може да го донесе во опасност и мировниот договор со Израел.

Ägypten Revolutionär Demonstration gegen Militärrat

Борбата за поделба на власта може да предизвика нови протести

Постои и еден друг поголем проблем, а тоа што Еѓипќаните генерално не сакаат да ја дадат моќта од своите раце. Трансверот на власта треба да се лучи летово, по изборите за нов Претседател, но многу набљудувачи сметаат дека војската нема доброволно да и’ служи на демократски избраната влада.

Во оваа ситуација се можни многу констелации – од тоа да дојде до конфликт за моќта меѓу парламентот и војската до тоа да се направи поделба на власта меѓу генералите и Муслиманското братство, за што во Каиро на големо се шпекулира. Во двата случаи би требло да се очекуваат нови протести на улиците и страв од насилство.

ЕУ мора да зборува со Муслиманското братство

Една година по симнувањето од власт на Мубарак, Египет има навистина за првпат слободно избран парламент. А, од вистинската демократија земјата е уште далеку.

Како САД, така и ЕУ треба да зборува во следните месеци со војската и Муслиманското братство, преку ангажман на ЕУ во еден дијалог без предрасуди. Египетските партии се составени од многу различни крила и можностите за влијание од надвор се ограничени.

Автор: Рајнер Золих/ Александар Методијев

Редактор: Александра Трајковска