1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Египет работи на формирање на новиот кабинет

И покрај прoтестите поради соборувањето на претседателот Мурси премиерот Ал Беблави работи на формирање на неговиот кабинет. Либерално отиентираниот Мохамед ел Барадеј поднесе заклетва како вицепретседател.

Преодниот египетски премиер Хасем ал Беблави истакна дека се надева оти до вторник или среда наредната недела ќе биде составена новата египетска влада. Како негови приоритети 76-годишниот преоден премиер меѓу другото ги наведе повторното воспоставување на безбедноста, како и подготовката на парламентарни и претседателски избори.

Ägypten Todesdrohung gegen Mohammed el-Baradei

Мохамед ел Барадеј - вицепретседател на Египет

Во меѓувреме Мохамед ел Барадеј, еден од истакнатите водачи на египетската опозиција, денеска во Каиро положи заклетва како потпретседател на државата. Државната новинска агенција МЕНА објави дека Ел Барадеј во привремената влада, како потпретседал на државата, ќе биде задолжен за меѓународните односи.

Ел Барадеј долго време беше шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија, а потоа стана истакнат опозиционен политичар во Египет, водејќи го „Националниот фронт за помош“, сојуз од повеќе од 35 лево-ориенитрани и либерални групации. Кратко по падот на исламистот Мурси, неговото име се споменуваше за премиерската функција. Неговата номинација меѓутоа не беше успешна поради несогласување на ултра-конзервативната салафистичка партија Ал Нур.

Функцијата министер за надворешни работи би требало да ја преземе поранешниот амбасадор во САД, Набли Фами. Преку ова може да се прочита, колкаво значење, новата преодна влада во Каиро и’ оддава на суперсилата и нејзината досегашна помош од 1,3 милијарди долари годишно за армијата во Египет.

Во владини кругови се вели дека финансискиот ресор ќе го преземе Ханди Кадри. Овој коптски христијанин, во периодот кога Мурси беше на функција, беше официјалниот преговарач на Египет со ММФ за спасувачки пакет за земјата.

Новинската агенција МЕНА повикувајќи се на официјални извори известува дека министер за внатрешни работи би требало да биде Мохамед Ибрахим, додека министерството за одбрана ќе го преземе Абдел Фатах ал Сиси.

Мурси кривично ќе биде гонет?

По губењето на власта, на соборениот исламист Мурси му се заканува и кривично гонење. Од кругови на правосудните органи се дознава дека истражните органи го сослушале Мурси, како и водечки членови на Муслиманското братство, поради бегство од затвор во 2011 година. При сосолушувањето на тајно место станувало збор за масовното бегство од затворот Вади Натрун во јануари 2011 година. Мурси и повеќемина функционери на Муслиманското братство за време на бунтот против тогашниот претседател Хосни Мубарак избегале од затворската институција. Истражните органи се обидуваат да осознаат дали странски групи, како палестинскиот Хамас и либанските Хезболах-милиции, биле вмешани во бегството.

Освен ова, државниот обвинител проверува повеќе тужби на привани лица против Мурси, при кои станува збор за шпионажа, повик за убиство на демонстранти и економски лош менаџмент.

Односот на новото египетско раководство со Мурси наиде на критика во странство. По герамнската влада и САД побараа ослободување на Мурси. По неговото соборување на 3. јули тој се држи на непознато место.