1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Египет: Претседател без власт

Мохамед Мурси од Муслиманското братство официјално не е потврден за претседател, меѓутоа едно е сигурно: Наредниот претседател на Египет нема моќ, тој смее да има само репрезентативна функција - така сака војската.

Рамадан Ибрахими му пркоси на пладневното сонце на плоштадот Тахрир во Каиро. Околу вратот му виси слика од Мохамед Мурси. „Алаху Акбар“ - „Господ е голем“ извикува на плоштадот каде се собраа и неколкумина други приврзаници на Мурси.

Ramadan Ibrahim

Рамадан Ибрахими ја слави изборната победа на Мохамед Мурси

Тие трубат, веат египетски знамиња и извикуваат преку мегафоните: „Господ ќе ни ја покаже неговата добрина преку рацете на Мурси“, вели Рамадан Ибрахим.

Сета моќ кај војската, нема власт за претседателот

Членот на Муслиманското братство Мохамед Мурси се’ уште не е потврден на функцијата, официјалните изборни резултати ќе бидат познати в четврток. Меѓутоа уште сега се знае: новиот претседател на Египет ќе може малку да одлучува. Со проширувањето на преодниот устав, Воениот совет во текот на ноќта кон понеделникот (18.06.2012), по затворањето на избирачките места, се постави над новиот претседател.

Ägypten Militärrat Feldmarschall Mohammed Hussein Tantawi

Маршалот Хусеин Тантави ги држи конците во свои раце

Маршалот Хусеин Тантави и натаму ќе ја задржи контролата над армијата, не како досега претседателот. Војна претседателот може да објави само ако Тантави даде согласност. Уште поголема тежина има тоа што Воениот совет може да го обликува уставот согласно на неговите желби. Тој може да го распушти уставотворното тело, и да поднесува приговори, се’ додека не е задоволен со секоја речница. Освен ова, Воениот совет самиот ќе усвојува закони, се’ додека не биде избран нов парламент. А тоа може да трае најмалку десет месеци, оти прво мора да биде напишан уставот. А претседателот? „Тој има само симболична вредност“, вели Абдул Монем Ал Махсат, професор по политика на универзитетот во Каиро.

Мурси, египетската кралица Елизабета

Египетските револуционери затоа Мурси веќе го споредуваат со британската кралица Елизабета. На интернет се собираат предлози како во иднина да изгледа претседателската палата во Египет, за на Мурси да не му биде здодевно. Ќе има ли за него игралиште со огромна лизгалка? Или пак на секој агол киоск за сладолед и пуканки?

Еѓипќаните се познати по тоа дека и во најтешките времиња не ја губат смислата за хумор. Ова важи и за активистот Шади Абдалах, иако на 26- годишното момче му е до плачење. Неколкумина негови пријатели од младинското движење „6. април“ вчера беа уапсени. Пред избирачките места држеле слики од мртви револуционери, од маченици, кои загинаа за египетската револуција. За полицијата доволна причина за да ги уапси. Тоа е можно според новиот закон за вонредни состојби, кој минатата недела го усвои владејачкиот Висок совет на армијата. Шади Абдалах е подготвен да се бори понатаму. Меѓутоа тој стравува дека револуционерите се само мало малцинство. „Луѓето се фрустрирани и уморни“, вели тој. Еднаипол година најголемиот дел од своето време го минаа на улица. „Уште од самиот почеток бараме слобода и социјална праведност. Но тоа не го постигнавме“.

Abdul Monem Al-Mashat

Абдул Монем Ал Махсат, професор по политика на универзитетот во Каиро

Тоа што изостанаа големи маршеви и по изборите Тахрир плоштадот беше претежно исполнет со приврзаници на Мурси, е и поради тоа што Воениот совет умешно ги планира случувањата. Едно по друго големо политичко случување ја држат тензијата во Египет. Додека сите гледаа кон претседателските избори, во рок од двеипол недели беа ослободени осомничени убијци на приврзаниците на револуција, беше усвоен нов закон за вонредни состојби, беше распуштен парламентот и уште преодниот устав прилагоден во корист на војската. „Тоа го планираше Советот на армијата“, вели Абдул Монем ал Махсат. „Сигурен сум дека ако порано беше објавено, реакциите ќе беа поинакви“.

Мурси против Шафик - победникот се вика Тантави

До изминатиот викенд многумина во Египет веруваа дека треба да донесат одлука меѓу кандидатот на Муслиманското братство, Мохамед Мурси и последниот премиер од времето на Мубарак, Ахмед Шафик. На изборното ливче не стоеше шефот на Воениот совет, маршалот Хусеин Тантави. Меѓутоа тој е човекот кој наредните месеци ќе владее со Египет. Мурси веќе најави дека не ги признава проширувањата на преодниот устав. Неговите приврзаници на плоштадот Тахрир ги повика не на прослава, туку да дојдат да демонстрираат.