1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Египет: Муслиманското братство против човекот на Мубарак

Мохамед Мурси, кандидатот на Муслиманското братство е во блага предност по првиот круг од претседателските избори во Египет, покажаа делумните резултати од гласањето во земјата.

An Egyptian election official counts the ballots following the presidential election in Cairo, Egypt, Thursday, May 24, 2012. As vote-counting began, exit polls by several Arab television stations suggested the Brotherhood's Mohammed Morsi was ahead of the pack of 13 candidates. The reliability of the various exit surveys was not known, and a few hours after the end of two days of voting, only a tiny percentage of the ballots had been counted. (Foto:Fredrik Persson/AP/dapd)

Ägypten Wahl Wahlen 2012 Stimmenauszählung

Ägypten Wahl Wahlen 2012 Kandidat Muslimbruderschaft Mohammed Mursi Morsi OVERLAY FÄHIG

Кандидатот на Муслиманското братство Мохамед Мурси

Египќаните во средата и четвртокот гласаа на првите претседателски избори по падот од власт на Хосни Мубарак пред 15 месеци. Вториот круг од изборите е закажан за 16-ти и 17-ти јуни. Противкандидат на Мурси ќе му биде последниот премиер на Мубарак, Ахмед Шафик. До денеска се пребројани гласовите од 18 од вкупно 27 провинции.

Муслиманското братство се надева на победа со која би ја зацврстило својата политичка доминација во Египет. Тоа веќе има половина од пратеничките места во парламентот, по победата на изборите кои се одржаа на крајот од минатата година.

Ägypten Premierminister Ahmed Shafik

Ахмед Шафик е најсериозен противкандидат на Мохамед Мурси

Но, популарноста на оваа партија во меѓу време опадна. Мохамед Мурси доби значително помалку гласови на претседателските избори, споредено со бројот на гласови што неговата партија ги освои на парламентарните избори. Во некои провинции тој е на второ или трето место.

Портпаролот на Муслиманското братство Мурад Мухамед Али изјави за египетската државна телевизија дека нивниот кандидат Мохамед Мурси води и при тоа не даде конкретни проценки.

„Египќаните секогаш не воодушевувале. Ова е над сите очекувања“, истакна Али.

Многу Египќани кои претходно гласаа за Муслиманското братство сега велат дека ги разочарала гладта за коќ и лошиот настап на таа партија во парламентот.

Ägypten Wahl Wahlen 2012 Stimmenauszählung

Пребројувањето на гласовите трае долго

Вкупната слика на дводневните претседателски избори во Египет нема да биде јасна одредено време, бидејќи нема веродостојни проценки на избирачките места, иако броењето на гласовите почна веднаш по затворањето на избирачките места.

Право на глас при изборот на идниот претседател имаат 50 милиони Египќани. Конечните резултати од изборот ќе бидат објавени на 21-ви јуни.