1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Египет: Крваво одбележување на годишнината од револуцијата

Во судирите на тригодишнината од египетското востание се убиени најмалку четири лица. Полицијата употреби солзавец против исламистичките и либерални демонстранти. Претходеше бомбашки напад врз полициската академија.

Египетската полиција денеска употреби солзавец против учесниците на антивладините демонстрации во Каиро, со кои се одбележа тригодишнината од востанието против поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак.

Демонстрантите набрзо беа растерани, откако се собраа во близина на една каирска џамија. Според новинарските тврдења, покрај исламистите, кои го поддржуваат Мохамед Мурси, првиот демократски избран претседател кој лани лето исто така беше соборен од власта, меѓу демонстрантите биле и либералните активисти, кои протестираа против привремената влада што е силно подржана од војската.

Во меѓувреме едно лице денеска беше рането во експлозија на бомба во близина на полициската академија во Каиро. Генерал Хани Абдел-Латиф изјави дека бомбата експлодирала утринава, во седум часот по локално време, и тоа во фрекфентен дел на градот, но оштетени се само ѕидовите на академијата.

Во серијата експлозии во повеќе делови на Каиро вчера загинааа шест лица. Египетската војска и полиција денеска го блокирааа плоштадот Тахрир, што беше центар на демонстрациите од 2011. година.

Мубарак беше присилен, по 30 години на чело на државата, да ја напушти власта на 11. февруари 2011. година, по 18 дена протести во кои загинаа околу 850 лица.