1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Египет има место за сите“

Првиот човек на египетската армија Абдел-Фатах ал-Сиси денеска (18.08) ги предупреди приврзаниците на соборениот претседател Мохамед Мурси да не прибегнуваат кон наислство. Тој порача дека во Египет има место за сите.

Весникот Ал Ахрам, известувајќи за средбата на воените и полициските команданти во земјата, ги пренесува зборовите на Абдел-Фатах ал-Сиси, кој на исламистите во земјата им порачува: „Оној што мисли дека со насилство ќе ја принуди државата и Египќаните да паднат на колена, нека размисли уште еднаш“. Според Сиси, „во Египет има место за сите“. Тој упати повик до приврзаниците на соборениот претседател Мухамед Мурси да „ги преиспитаат своите ставови“.

Ägypten General Abd al-Fattah as-Sisi

Абдел-Фатах ал-Сиси

Претходно, Муслиманското братство откажа протестен собир во Каиро, планиран за денеска. Партијата на ова исламистичко движење соопшти дека собирот е откажан „од безбедносни причини“. Инаку и денеска во повеќе места во земјата дојдо до судири на исламистите со безбедносните сили, но и со граѓани.

Полицијата вчера, по повеќечасовни престрелки, принудно ја испразни џамијата Ал Фатах во Каиро, во која беа забарикадирани стотици приврзаници на соборениот претседател Мохамед Мурси. На телевизиските снимки можеа да се видат вооружени лица кои од минарето на џамијата пукаат врз полицајци и војници. Безбедносните сили возвраќаа на огнот. Престрелки имаше и во џамијата. Уапсени се 385 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Кога исламистите ја напуштија џамијата, тие беа нападнати од разбеснети жители на Каиро, вооружени со стапови и железни шипки. „Ова се терористи“ извикуваше разбеснетата толпа. И во други делови на Каиро цивили напаѓаа исламисти, честопати само затоа што носеле брада. Откако ситуацијата во Египет ескалираше во средата (14.08), кога беа расчистени два протестни кампа на исламистите во Каиро, загинаа околу 800 луѓе.

Забрана за Муслиманскoто братство?

Повеќедневните судири меѓу исламистите и безбедносните сили имаат најверојатно и правни последици. Државата новинска агенција Мена јави дека властите водат истрага против 250 поддржувачи на Муслиманскот братство за убиство, обид за убиство и тероризам.

Преодната египетска влада ги преиспитува можностите за забрана на Муслиманското братство. Портпарол на Владата во Каиро изјави дека предлогот за прогласување на исламистичката организација за нелегална дошол од преодниот премиер Ал Библави. Сепак, одлука се‘ уште не е донесена. Организацијата беше основана во 1928 година, а беше забранета во 1954 година од тогашната воена власт во земјата. Во март годинава Муслиманското братство се регистрираше како невладина организација. Неговата новосонована Партија за слобода и правда победи на парламентарните избори по падот на Хосни Мубарак. Меѓутоа, според анкетите, оттогаш таа има загубено многу на популарност.