1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Египет го скуси полицискиот час

Египетската преодна влада го намали времетраењето на полицискиот час за два часа. Против Муслиманското братство меѓутоа и натаму се преземаат акции. Против шефот на исламистите Мохамед Бадиа ќе се води судски процес.

Ноќниот полициски час во Kаиро и 13 провинции е скратен. Властите соопштија дека во иднина забраната за излегување ќе започне во 21 часот наместо во 19 часот и ќе трае девет часа. Само во петоците и натаму важи старото правило, бидејќи по молитивите честопати се одржуваат демонстрации на приврзаниците на соборениот исламистички претседател Мохамед Мурси.

Против водачите на Муслиманското братство, од каде потекнува и Мурси египетските судски органи ќе отворат процес. Денеска (25.08) шефот на исламистичката организација Мохамед Бадиа (на насловната фотографија) како и уште петмина други водечки фннцкионери одговараат пред суд. Тие се обвинуваат за повик за убиство на демонстранти пред главното седиште на Муслиманските браќа.

Исто така и екс претседателот Хосни Мубарак денеска повторно треба да се појави пред судот. Тој неодамна беше отпуштен од затвор, но е во притвор во една болница. Изминатата година Мубарак беше осуден поради корупција и убиство на демонстранти на доживотна казна затвор. Во јануари годинава меѓутоа правосдуните органи одобрија ревизија на случајот.