1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Египет врие

Египетски суд осуди 21 лице на смртна казна за ланското насилство на фудбалски меч, во кое загинаа 74 лица. Роднините на осудените се обидоа да го нападнат затворот. Во вчерашните судири во Египет има повеќе загинати.

Пред да се спроведе пресудата со смртна казна неа мора да ја одобри и врвното верско лице во земјата, Големиот муфтија. Дваесет и едното лице е осудено за учество во насилството на фудбалски натпревар, кога 74 луѓе ги загубија животите. Читањето на пресудата од страна на судијата беше пренесувано на телевизија. Тој рече дека пресудата за преостанатите 52 обвинети лица ќе биде соопштена на деветти март.

Меѓу оние за кои се води судскиот процес се и девет членови на безбедносните сили. Насилството од минатогодишниот меч одржан на први февруари меѓу фановите на Ал Масри од Порд Саид и Ал Ахли од Каиро се смета за најсмртоносното насилство на фудбалски меч во последниве петнаесет години.

Ägypten Demo Protest Mohamed Mursi Kairo Hosni Mubarak

Шест загинати и најмалку 476 повредени - тоа е билансот од вчерашното насилство во Египет

Насилствата во Египет не стивнуваат

Египетската армија денеска распореди трупи и воени возила во крајбрежниот град Суец, откако избија судири меѓу полицијата и антивладините демонстранти. Според податоците од различни новински агенции, во вчерашните насилства во Египет загинаа меѓу шест и девет лица, а најмалку 476 се повредени.

Претседателот Мурси ги предупреди насилниците дека ќе бидат изведени пред суд.

„Ги повикувам граѓаните да се придржуваат кон благопријатните принципи на египетската револуција во изразувањето на мислењето - слободно и мирно“, напиша тој на својата Фејсбук страница.

Насилството во земјата претходеше на пресудата за фидбалската трагедија, а причина е и незадоволството на граѓаните од неуспехот на Мурси да ја врати безбедноста на улиците и да ја ревитализира економијата во Египет.