1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Египет врие

Египет врие - илјадници граѓани и денеска (28.01) протестираат против владата и претседателот Мубарак, а по улиците на Каиро интервенира и полиција и војска. Ел Барадеј е во домашен притвор.

default

Носителот на Нобеловата награда за мир Мохамед Ел Барадеј е ставен во домашен притвор, откако претходно им се приклучил на демонстрантите во Каиро.

Поранешниот Генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија изутринава, обидувајќи се да ги избегне водените топови што полицијата ги употреби против демонстрантите, засолниште побара во една џамија, која потоа беше опколена од страна на стотици полицајци. По излегувањето од џамијата, тој се приклучи на протестите, по што е ставен во домашен притвор. Човекот

Ägypten Proteste El Baradei in Kairo Demonstrantion Freitagsgebet

Мохамед Ел Барадеј на утринската молитва

што некои веќе го предвидоа како галионска фигура на протестното движење во Египет се врати во земјата вчера со најава дека ќе учествува на демонстрациите:

„Секој човек има право на мирни демонстрации. Посакував да не мораме да излегуваме на улиците за од режимот да бараме реформи. Се обидовме со собирање потписи, со изборен бојкот, но без успех. Нашите барања секогаш наидуваа на ’глуви уши’“, изјави Ел Барадеј.

Ел Барадеј вели дека е принципиелно подготвен да предводи евентуална преодна влада, но нагласува дека во моментов тоа прашање не е на дневен ред.

Дадена наредба да се пука ако треба

Ägypten Proteste Demonstrant und Polizei in Kairo

Денеска, инаку, се демонстрира во целата земја. Десетици илјади луѓе се излезени на улиците на најважните градови во Египет, а полицијата интервенира со сета сила. Според телевизијата Ал Џазира има најмалку еден загинат. По улиците на Каиро патролира и војска, која пука во воздух во знак на предупредување. Демонстранти има и пред претседателската палата во Хелиополис, но според телевизијата Ал Арабија, претседателот Хосни Мубарак не е во зградата. Египетската полиција, според најавите од безбедносни кругови, добила прецизни инструкции пред денешните демонстрации со наредба да пука доколку е тоа потребно.

Блокиран и интернет и мобилните телефони

Откако владата во обид да спречи масовни протести ги блокираше интернет социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, како и имејл-услугите на Гугл, сега е дадена наредба за

Ägypten Proteste in Kairo Demonstranten Wasserwerfer Flagge

Насилството не е решение

исклучување и на мрежите за мобилна телефонија. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун денеска од Давос го критикуваше овој потег на властите и рече дека слободата на мислење мора да биде почитувана во целост. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле апелираше итно до египетската влада да не реагира со насилство против демонстрантите. Кој се обидува со сила да ја потисне желбата за слобода, тој „ќе жнее екстремизам“, изјави Вестервеле во Берлин. „Затоа, од интерес на Египет во однос на неговата стабилност е да дозволи демократизација. Германија е на страната на демократскиот развој.“

Повик за воздржување од насилство до властите во Египет и демонстрантите упати и американскиот претседател Барак Обама: „Насилството не е одговор за проблемите во Египет“, рече Обама.

Автор: ЕМФ/ ГЧ/ дпа/ дв/ ртр

Редактор: Александра Трајковска