1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Египет бара нов устав

Во Египет со работа започнува нова Комисија за уставот. Во рок од еден месец правните експерти би требало да изработат предлози, со кои ќе се направат промени во уставот на земјата, кој во моментов е вон сила.

Комисијата ја сочинуваат четворица професори и шест судии. Тие од египетскиот преоден претседател Адли Мансур добија налог да изработат предлози за нов устав. Експертите денеска почнуваат со работа, соопшти претседателскиот кабинет во Каиро.

Референдум најдоцна за четири месеци

Ägypten Adli Mansour Vereidigung

Претседателот Мансур

Експертите имаат 30 денови да ги достават предлозите за промени. Потоа голема Комисија од 50 членови од различни општествени гурпи на земјата ќе ги разгледува предлозите на промените. Ова тело ќе има време во два месеца да изработи конкретен предлог устав, кој ќе му биде доставен на претседателот. Преодниот претседател потоа во рок од 30 денови треба да распише референдум за новиот устав.

Стариот устав беше предложен минатата година од Комисија во која доминираа исламистите и во декември беше потврден на референдум со мнозинство од 64 проценти. На овој референдум меѓутоа излегле наводно 33 проценти - големи делови од опозицијата го бојкотираа гласањето. По обезвластувањето на екс претседателот Мохамед Мурси на 3. јули армијата го стави уставот вон сила. Пред Египќаните повторно да гласаат, мора да биде приложен преработен устав.

Поделбите треба да престанат

Ägypten nach Mursi-Sturz

Протести во Египет

Преодниот премиер Хасел ел Беблави во меѓувреме ги повика раскараните табори на помирување. Во телевизиско интервју за египетската државна телевизија Ел Белбави подвлече дека Египет треба да се врати кон хармонија и предупреди дека поделбите во земјата не можат да продолжат.

„Египет е поважен за светот, отколку што мислиме и заслужи подобро од нас“, рече Беблави во интервјуто. По повеќенеделни масовни ппротести улиците мора повторно да бидат безбедни.

Муслиманското братство, од каде доаѓаше соборениот претседател Мурси, меѓутоа ја отфрли понудата за разговори на Беблави. „Не може да има дијалог се' додека цевките на пушките се вперени кон противниците на пучот“, рече портпаролот на Муслиманското братство, Гехад ал Хадад. Муслиманското братство не учествува ниту во преодната влада која беше формирана неодамна.

Знак на поддршка на новата преодна влада меѓутоа испрати јорданскиот крал Абдула, кој вчера (20.07) беше во посета на Каиро. Абдула беше првиот претставник на една арапска земја, кој по падот на Мурси го посети Египет.