1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Египет: армијата го распушта парламентот и го суспендира уставот

Воениот совет на Египет денеска соопшти дека го распушта парламентот и го става вон сила уставот во земјата. Војската ќе ја води земјата шест месеци, до одржување претседателски и парламентарни избори.

default

Откако екс претседателот Хосни Мубарак си замина од функцијата, египетската армија ги постави правците за текот на ветеното „мирно предавање“ на власта. Военото раководство денеска соопшти дека го распушта парламентот и го става вон сила Уставот на земјата. Преодната фаза до новите избори би требало да трае шест месеци, информираше раководството на армијата во соопштението прочитано преку државната телевизија.

Revolution in Ägypten

Уставот на Египет би морал да биде ставен вон сила, оти во поинаков случај по оставката на Мубарак ќе мораше да има нови избори во рок од 60 денови. Раководството на армијата исто така најави формирање на комисија која треба да ги подготви уставните измени, меѓутоа не соопштија кој ќе членува во комисијата. Војската засега не ја спомена 30 годишната вонредна состојба, која демонстрантите бараа да биде укината.

Со овие најави генералите излегоа во пресрет на две важни барања на опозицијата. По оставката на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак на 11 февруари, Воен совет го презема раководството со земјата. Инаку во Каиро во меѓувреме продолжува расчистувањето на улиците и централниот плоштад Тахрир, кој е важна сообраќајна крстосница во градот.

Автор: АТ/ЖА/дпа/афп

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM