1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Египетските судии најавија бојкот на референдумот за Уставот

Судиите имаат намера да го бојкотираат референдумот околу новиот Устав, зашто декретот на претседателот Мурси навлегува во работата на правосудството и ја повредува неговата независност.

Уставниот суд на Египет вчера ја одложи одлуката околу Уставното собрание на неопределено време, откако приврзаниците на Мурси ги спречија судиите да влезат во зградата на судот.

Судиите во Египет имаат намера да го бојкотираат најавениот референдум во земјата околу новиот Устав. Според државната новинска агенција Мена, судиите најавиле дека декретот на претседателот Мохамед Мурси навлегува во работата на правосудството и ја повредува неговата независност.

Мурси закажа референдум за новиот Устав на 15 декември. Со оглед на тоа што во Египет судиите го надгледуваат гласањето, нивниот бојкот ќе го отежне спроведувањето на референдумот. Освен тоа, ако нема контрола од страна на правосудството, под знак прашалник се става и регуларноста на гласањето. Опозиционерите и борците за човекови права во Египет ги обвинуваат исламистите дека со новиот устав си ја зацврстуваат власта и дека сакаат да подготват терен за натамошна исламизација на државата и општеството. Цел на критика се особено ограничувањето на правата на жените и на верските малцинства, како и големите овластувања на претседателот на државата.