1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Египетските лидери подготвени на саможртва за „каузата“

И египетскиот претседател Мурси и командантот на армијата најавија дека се подготвени да платат со сопствениот живот за реализирање на идеалите. На истекот на последниот рок од армијата, Мурси понуди коалициска влада

Во последното соопштение од претседателскиот кабинет на неколку минути пред истекот на ултиматумот кој моќната египетска армија му го постави, претседателот Мохамед Мурси одби да се повлече од функцијата повикувајќи се на својот изборен легитимитет. Тој оцени дека е погрешно армијата да зазема страни во конфликтот, кој според Мурси, бил предизвикан од опозициските партии.

Во знак на добра волја, Мурси понуди формирање нова широка влада која би ги организирала следните парламентарни избори во земјата.

Претходно, денот го одбележаа релативно затишје и најави за собирање на приврзениците на Мурси и на опозициските партии на плоштадот Тахрир во Каиро. Атмосферата ја подгреваа и воинствените изјави кои дојдоа од претседателот на државата и од шефот на Армијата.

Ägyptens Verteidigungsminister Abdel Fattah al-Sisi und Mohamed Mursi

Мохамед Мурси и Абдел Фатах Ал Сиси

И командантот на египетската армија Фатах Ал Сиси и Мурси објавија дека се подготвени и да загинат за да ги реализираат своите прокламирани цели- зачувување на мирот во државата (Сиси) и демократијата (Мурси).

Официјалниот портпарол на исламистичкото Муслиманско братство коешто стои зад Морси, изјави дека неговите приврзаници се подготвени за одбраната на претседателот да станат маченици.

Либералната опозиција соопшти дека излезе на виделина оти Морси „полудел“.

Во текот на денот египетската армија веќе ја опколи зградата на државната телевизија во Каиро со оклопни транспортери, а во зградата останаа само вработени кои се неопходни за емитување програма во живо.