1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Египетските генерали- бизнисмени во униформа

Никој точно не знае колкав е уделот на египетските генерали во стопанството во земјата, но без армијата Египет не може. Според непотврдени проценки, претприемачите во униформа контролираат голем дел од економија.

default

Тргуваат со фрижидери, машини за перење, полнат минерална вода, раководат со хотелски комплекси: Генералите во Египет речиси не се интересираат за воена вонредна состојба, туку им се посветуваат на своите економски интереси.

Изминатите децении воените лица на Нил постојано ја прошируваа својата економска империја. Оттука, мотивите не беа само политички, туку и економски, кога армијата, со своите оклопни возила на плоштадот Тахрир во Каиро, спречи земјата да потпадне во хаос. Имено, онаму каде владее хаос, не може да се води добар бизнис. Експертот за

Ägypten Kairo Opernhaus und Fernsehturm Kairo Nachtaufnahme

Каиро

Блискиот исток Роберт Спрингборн, професор на факултетот на американската војска во калифорниски Монтереј, во интервју за американската радио станица НПР го погоди нервот: „Последното што го сака војската е нестабилност. Стабилноста ним им е света. Војската не може дури ни да се служи со средствата за вооружување што ги поседува. Не се концентрира на водење војна, египетската војска се концентрира на конзумот,“ вели политикологот и подвлекува: „Автомобилско производство, станува збор и за облека, изградба на улици, автопати и мостови. Станува збор за тенџериња и тави и апарти за во кујна. Ако во Египет купите апарат за во кујна, тогаш голема е веројатноста тој да е произведен од војската. Прехранбените производи што ги конзумирате се одгледани од војската, можеби и обработени и спакувани. Практично нема економска гранка во која војската не е активна.“

Томас Демелхубер од универзитетот Ерланген Нирнберг со години интензивно се занимава со бизнис елитите во Египет. Според него ангжамнот на регрутите, практично без пари, е секојдневие во претприемачката империја на војската: „Таму знаеме дека овој синџир на искористување на капацитетите на регрутите игра централна улога. Тоа го гледаме на пример во инфраструктурните проекти. Египет со години се обидува да создаде огромна обработлива земјоделска површина на југот на земјата.“

Каде се’ заработува египетската војска?

Претприемачките активности на генералите започнаа со мировниот договор со Израел од март 1979 година, со кој беа поставени основите за повлекување на израелските трупи од полуостровот Синаи. Во 1982 година полуостровот беше под египетска контрола. Војската која дотогаш броеше 500.000 војници беше преполовена и бараше нови предизвици. До

Ägypten Verteidigungsminister Hussein Tantawi

Министерот за одбрана Тантави

денес никој точно не знае каде се’ заработува египетската војска. Проценките за уделот на армијата во втората по големина економија на Африка се движат меѓу 15 и 45 проценти.

Професорот Спрингборн проценува дека човекот кој ги влече конците зад кулиси е министерот за одбрана Мохамед Хусеин Тантави. Според професорот, министерот е нешто како главен директор на фирма наречена „Војска“: „Тантави, според инсајдерите, повеќе време од работниот ден посветува на економските, отколку на воените прашања. Работата на Тантави е да утврди дека системот за наградување на важните луѓе од официрскиот табор функционира, за да ја купи нивната лојалност.“

Оттука, согласни се експертите, и во иднина армијата ќе има водечка улога, без оглед на тоа како ќе изгледа новата влада на Египет.

Автор: Томас Колман/ Александра Трајковска

Редактор: Борис Георгиевски