1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Египетскиот претседател го смени армискиот врв

Египетскиот претседател Мохамед Мурси изненадувачки изврши промени во врвот на раководството на армијата и со тоа ја зацврсти својата власт.

Портпаролот на египетскиот претседател Мохамед Мурси изјави дека министерот за одбрана и шеф на армијата Хусеин Тантави, како и шефот на генералштабот Сами Енан се разрешени од функцијата.

Покрај тоа Мурси ја поништил уставната одредба на армијата од јуни годинава, која ја ограничува моќта на претседателот. Генералот Мохамед ал Асар, член на Воениот совет, изјави дека кадровските одлуки биле договорени со армијата.

Мурси се обиде со помирливи тонови кон армијата да ги образложи своите одлуки. Тој истакна дека неговите решенија не се насочени ни против определени личности, ниту против одредени институции. Во главниот град Каиро илјадници приврзеници на претседателот ги славеа неговите одлуки за разрешување од функцијата на двајцата генерали од раководството на армијата.

Министерот за одбрана Хусеин Тантави до неодамна беше претседател на Високиот воен совет, кој ја имаше целата власт во земјата по соборувањето на долгогодишниот властодржец Хосни Мубарак.