1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Египетскиот претседател во судир со армијата

Новиот египетски претседател Мохамед Мурси повторно го свика од страна на војската распуштениот парламент. Пратениците треба да заседаваат до новите избори, нареди Мурси, засегнувајќи го авторитетот на Воениот совет.

Египетскиот претседател Мохамед Мурси со декрет нареди да биде повлечена одлуката на Уставниот суд од 15. јуни за распуштање на парламентот. Мурси го повика Народното собрание да се собере одново и да си ги извршува овластувањата. Тој настојува да се одржат нови парламентарни избори, 60 дена по одобрувањето на новиот устав, кој се очекува да биде донесен кон крајот на годината. Египетскиот парламент беше распуштен минатиот месец откако Врховниот уставен суд го оквалификува како незаконски. Одлуката, тогаш поткрепена од воените сили, силно ги разлути Муслиманските браќа, најголемата политичка партија во парламентот. По одлуката на Мурси, Врховниот совет на вооружените сили на Египет се собра на итен состанок. Еден од генералите изјави дека војската претходно не била информирана за одлуката на Мурси. При нефункционирање на парламентот, Врховниот совет на вооружените сили си ја присвои законодавната власт.