Египетскиот парламент бил со право распуштен | Свет | DW | 23.09.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Египетскиот парламент бил со право распуштен

Уставниот суд во Египет донесол исправна одлука и со право го прогласил парламентот за распуштен - одлучи Врховниот управен суд во земјата. Судот ја отфрли тужбата на еден поранешен пратеник.

Парламентот од моментот на одлуката на Уставниот суд, на 14 јуни годинава, со која беше утврдено дека тој треба да биде распуштен, работи нелегално, одлучи Врховниот управен суд во Каиро. Ниту една судска инстанца не може да ја доведе под знак прашање одлуката на Уставниот суд.

На парламентарните избори во Египет пред неколку месеци половината од мандатите ги освои партијата на Муслиманското братство. Втора по јачина политичка сила се салафистите, кои имаат една четвртина од местата во парламентот. На средината на јуни Уставниот суд го прогласи Изборниот закон во земјата во голем дел за неважечки, по што Воениот совет го распушти парламентот и ја презеде контролата врз законодавството.

Мухамед Мурси, кој победи на изборите за претседател во јуни, повторно го свика парламентот со декрет на почетокот на јули. Два дена подоцна Уставниот суд ја укина ваквата одлука, по што Мурси ја почитуваше пресудата на уставните судии.