1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Египетскиот затворен круг на омраза

Во масакрот во Каиро загинаа стотици исламисти. Моногумина неисламисти во акцијата против Муслиманското братство гледаат неминовен чекор, став кој го поттикнуваат и медиумите.

По масакрот во Каиро во средата (14.08), градот е мирен како на викенд. Околу 500 луѓе, претежно исламистички демонстранти, беа убиени како последица на расчистувањето на протестните кампови од страна на полицијата и армијата во Каиро. Вистинските бројки на загинати се веројатно доста повисоки. Зашто, Министерството за здравство ги брои само загинатите евидентирани во државните болници и мртовечници. Но, бројни загинати има и во џамиите и во близината на срушените кампови. Многу од малкуте минувачи кои сега може да се сретнат на улиците на египетската метропола, сепак не се шокирани и погодени поради мноштвото загинати.

Тие најчесто зборуваат за проблемите кои им ги предизвикува забраната за движење во ноќните часови, со почеток од 19 часот. На Пример Калид, 25-годишен продавач: „Според мене, ова беше единствениот начин на кој што можеше да се урнат протестните кампови. Причината е тоа што Муслиманските браќа не се отворени луѓе“.

Ägypten Tag nach den Ausschreitungen 15.8.2013

Протестен камп по акцијата на војската и полицијата

„Кошмарот Муслиманско братство е минато“

Вака, Калид го повторува тоа што го сервираа речиси сите државни и приватни весници во минатите недели: Муслиманското братство во основа е болест за земјата и против него мора остро да се постапува. Демонизирањето на исламистите продолжува и натаму. Најдобар пример е првото издание на венсикот Ал-Акбар по крвопролевањето во Каиро. На вкупно 23 страници во изданието нема ништо друго освен оправдувања на акцијата на армијата и обвинувања на сметка на муслиманското братство. На насловната страница со црвени букви стоеше „Кошмарот Муслиманско братство е минато“. Насловната страница на весникот будеше речиси апсурден впечаток дека Муслиманските браќа самите се убиле.

24-годишниот Махмуд, еден од малкуте минувачи кој е против масакрот, со неодобрување и чудење ја врти главата: „Не знам што прават медиумите со луѓето. Ова е како магија: луѓето веруваат во лагите сеедно колкави да се големи, сите им веруваат на медиумите“. Тој со резигнирана насмевка гледа во пропагандниот весник. Во него нема ни збор за бројот на жртви, споменати се само наводно 43 убиени полицајци.

Ägypten Tag nach den Ausschreitungen 15.8.2013

На потег се разбојниците и собирачите на ѓубре

Сите текстови без исклучок се во функција на тоа безбедносните сили да бидат претставени како херојски патриоти, а Муслиманските браќа како опасни терористи. Во весникот има и бројни лаги: се тврди дека новинарите слободно се движеле и можеле да го следат расчистувањето на протетсните кампови. Всушност, војската презеде се‘ за на новинарите да им оневозможи приод до камповите. Прикажана е и фотографија на младинци, кои носат касети со пари од еден транспортер на пари. Во текстот под фотографијата стои дека Муслиманските браќа украле вредни работи. Фактички, касетите беа празни, како што можеше да се увери Дојче веле на лице место.

Многу политички групи се соодговорни за акцијата

Многумина Египќани не се многу изненадени ни од оставката на заменикот премиер Мохамед Ел Барадеи, кој се изјасни против насилното расчистување на протестните кампови. Против него во минатите недели се водеше исто така подбуцнувачка медиумска кампања, при што меѓу другото тој беше претстваен како послушник на САД. За 60-годишниот Ахмед Ибрахим едно ејасно: „Ние сите знаеме дека Барадеи е близок според своите позиции со САД. Мислам дека тој не можеше да го спроведе она што САД го сака од него, па поднесе оставка“.

Ова размислување на Египќаните се огледува и на политичка сцена: важни политички групи го критикуваа Ел Барадеи поради оставката и неговиот став контра уништувањето на протестите. Раководството на движењето Тамарод, кое ги иницираше демонстрациите од 30 јуни, на Барадеи на пример му префрлува дека се извлекува од одговорност. Критика дојде и од Националниот фронт за спас, неисламистичка партија. Таа го поздрави расчистувањето на протестните кампови на Муслиманското братство. Само вистински либералните групи го поддржуваат ставот на Барадеи. Омразата на многумина Египќани разгорувана преку медиумите, не се промени ни по бројните загинати исламисти. 40-годишниот Амр не се осврнувана нив, туку истакнува: „Загинаа над 43 полицајци. Не не‘ интересираат исламистите. Сакаме само да платат за убиените полицајци“.

Како во земјата може да се врати мирот по ваквата нечовечност, подбуцнувана од државата, е целосно нејасно. Насилната акција го поттикна и бесот кај исламистите, кој може да остане без контрола. Тие најавија нови протести.