1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Египетската полиција во потрага по сторителите на нападите во Шарм ел Шеик

По една од најтешките серии терористички напади во историјата на Египет, полицијата ја продолжува потрагата по сторителите и организаторите на крвавото дело. Во меѓувреме уапсени се повеќе од 90 лица, а одговорноста за атентатите на интернет ја презема група муслимански екстремисти.

Туристите се враќаат од Шарм ел Шеик

Туристите се враќаат од Шарм ел Шеик

И покрај големиот број на уапсени лица, полицијата сепак сеуште нема конкретни докази за сторителите на терористичките напади во Шарм ел Шеик. Уапсените лица се пред Бедуини од Синаи. И во терористичките напади во Таба во октомври 2004 година, кога животот го загубија 34 лица, полицијата уапси околу две и пол илјади лица, претежно Бедуини

За експетртот за ислам Камал Хабиб во Каиро, нападите од Шарм ел Шеик се реакција на големиот број апсења по Tаба, и однесувањето со затворениците.

Министерот за внатрешни работи Хабиб ел Адли смета дека ваквата поврзаност е можна, но тој смета и на поинаква позадина: не само масовните префрлувањата на групите за човекови права во однос на мачењата во затворите, туку и криминалната енергија можат да бидат причина за освета, смета минситерот.

Скромна и сиромашна, бедуинска населба во Вади Мардин, на половина час возење со автомовбил од туристичкиот центар Шарм ел Шеик. На јужниот дел на полуостровот Синаи живеат околу 3000 Бедуини, само во Вади Мардин се 200. Припаќаат на родот Ел Месина. Нивните црни шатори од козја кожа, најчесто ги заменуваат со колиби од цигли покриени со слама. Тие не се повеќе номади, кои живает само од нивните животни и производите кои ги добиваат од нив. Бедуините во Вади Мардин живеат од туристите. Фарак, синот на шеикот Ел Кабила, поглаварот на родот вели:

„Колку повеќе туристи, толку подобро за нас. Луѓето од оваа област, што се однеесува до примањата, целосно се зависни од туризмот. Тука нема ништо друго освен туризам. Ако ги нема туристите, овде нема да живет луѓе.“

Во меѓувреме многу туристи го напуштија Шарм ел Шеик, каде веќе постои загриженост за работните места и економската иднина. Расчистувањето по експлозиите се одвива споро, толку споро велат критичарите за да може подобро да се осигураат трагите на терористите. Местата каде се случија нападите и натаму се оградени и неможе да се снима со камера. Низ светот не треба повеќе да се емитуваат слики на уништување. Слична постапка беше спроведена и во Таба, но таму сеуште недостастува секаква трага од сторителите.

Во меѓувреме во Каиро експлодираше мала бомба со клинци. Во април исламиситчка група со сличен експлозив се обиде да изведе два бомбашки напади, но поврзаност со терористичкиите напади во Шарм ел Шеик не постои.