1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Египетската влада се реконструира

Шефот на египетската влада Есам Шараф врши реконструкција на неговиот кабинет, додека во земјата се одржуваат протести против владата. Во Египет кружат шпекулации околу здравствената состојба на екс-претседателот Мубарак

default

На плоштадот Тахрир и натаму протести против владата

Шефот на египетската влада Есам Шараф прави реконструкција на неговиот кабинет, додека во земјата се одржуваат протести против владата. Во владата ќе влезат десетмина нови министри. Во Каиро се очекува имињата на реконструираните и новите министри да бидат објавени денеска. Во меѓувреме, во Египет кружат шпекулации околу здравствената состојба на поранешниот претседател Хосни Мубарак. Медиумите тврдат дека доживел мозочен удар, што е демантирано од страна на клиниката каде Мубарак е на лекување поради проблеми со срцето. Мубарак, кој управуваше со Египет повеќе од три децении, во февруари беше принуден да се повлече од власта под притисок на масовните антивладини протести. Од април тој се наоѓа во болница, во популарното летувалиште Шарм ел Шеик.

Мубарак е под истрага на новите египетски власти, која треба да утврди дали тој е одговорен за издавање наредби за стрелање врз антивладините демонстранти, како и за злоупотреба на државни средства.

Автор: ЕМФ/ЖА/дв/миа

Редактор: Трајче Тосев

Редактор: