1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Египетската влада даде оставка

Протестите во египетскиот главен град Каиро продолжуваат и денеска (29.01.), иако според информации на државната телевизија, владата дала оставка по барање на претседателот на Египет, Хосни Мубарак.

default

Според информации на египетската државна телевизија, египетската влада денеска (29.01.) одржала состанок, на кој формално соопштила дека се повлекува од власта. Египетскиот претседател Хосни Мубарак, во вчерашното телевизиско обраќање, најави дека ќе состави нова влада, а се очекува името на новиот премиер да биде соопштено денеска. Во првото појавување од почетокот на немирите пред неколку дена, Мубарак истакна: „Ќе составам нова влада, на која ќе и` дадам јасни налози како да се справи со приоритетите што ги носи актуелната ситуација.“

Иако Мубарак ја распушти владата, тој самиот и натаму останува на власт. Тоа не ги смири демонстрантите, кои и денеска излегоа на улиците на Каиро. Поранешниот претседател на Меѓународната агенција за атомска енергија и носител на Нобеловата награда за мир, Мохамед Ел Барадеи, кој од петокот е во домашен притвор во Египет, денеска побара и претседателот Мубарак да даде оставка. Во телефонско итнтервју за телевизијата Ал Џазира, тој побара од долгогодишниот египетски претседател да овозможи пренесување на моќта на народот, како единствен начин да се смират протестите во Египет. Тој ги оцени најавите на Мубарак за формирање нова влада како „разочарувачки“ за египетскиот народ.

Ägypten Proteste in Kairo Demonstranten Wasserwerfer Flagge

Мубарак не го критикуваше односот на безбедносните сили кон демонстрантите

Протестите продолжуваат

Во вчерашното обраќање, Мубарак вети дека ќе се бори против сиромаштијата и невработеноста и дека ќе продолжи да ја унапредува демократијата во земјата - ветувања кои досега многупати ги има дадено. Тој изрази жалење за судирите за време на демонстрациите во последните денови, особено поради жртвите, меѓутоа не го критикуваше односот на безбедносните сили кон учесниците на протестите. Според Мубарак, токму слободата на печатот и мислењето биле оние, кои всушност овозможиле да дојде до протести во Египет.

Египетската војска и полиција и натаму се распоредени на најважните крстосници во близина на владата. Мобилните и интернет оператори добија наредба да ги прекинат услугите за корисниците, но денеска барем дел од нив повторно фунционираат. Социјалните мрежи како „Фејсбук“ и „Твитер“, како и смс-пораките играат главна улога во координирањето на протестите. Во меѓувреме САД, најзначајниот сојузник на египетската влада, почнуваат да се дистанцираат од Мубарак.

Автор: Естер Сауб/Трајче Тосев/афп/ројтерс

Редактор: Горан Чутаноски

DW.COM