1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Егзистенцијата на се повеќе банки во опасност?

Финансиската криза во САД е закана за опстојувањето на многу банки во земјата. Продолжува бранот на продажби и фузии. Кризата предизвика и финансиски скандал во Германија. На берзите повторно регистриран пад.

default

Седиштето на банката Морган Стенли во Њујорк

Морган Стенли, една од двете последни се уште независни американски инвеститорски банки, е под притисок откако поради последните случувања нејзините акции загубија голем дел од вредноста. Само вчера нејзините акции паднаа за 24% и сега вредат 21,74 долари. Според извештаите на американските медиуми, многу банки, пред се големата банка Ваховиа, се заинтересирани за преземање на Морган Стенли. Слични падови на вредноста на акции се регистрирани и кај други кредитни компании или банки поради што се принудени да проглат банкрот или да се продадат. Според весникот “Њујорк Тајмс“ и високо задолжената штедилница Вашингтон Мјучуал се нуди на продажба. Меѓу најзаинтересираните за неа е Сити груп. Американската влада по спасувачката акција со купување на најголемата осигурителна компанија ЕАГ, изрази загриженост и за други претпријатија.

Американската влада работи на санација на кризата

Портпаролот на Белата Куќа Дана Перино најави дека се разгледуваат сите можности како да се спречат понатамошни загуби:

„Загрижени сме и за останатите компании, поради што министерството за финансии продолжува да работи со својот тим за да се спречат понатамошни банкроти и загуби. Но, тие ги испитуваат случај по случај, поединечно, а истовремено гледаме нашите даночни плаќачи да бидат заштитени до највисокиот можен степен.“

Дека ситуацијата е мошне сериозна покажува и фактот што претседателот Џорџ Буш откажа две патувања во земјата, за да остане во Вашингтон на консултации со своите финансиски советници со кои работат на санација на финансиската криза.

Скандал во Германија

Deutschland Wirtschaft Banken KFW Geld für Lehman Brothers

Се бара одговорниот кој ја наредил трансакцијата

Како последица на финансиската криза во САД, се случи финаниски скандал во Германија. Државната банка за обнова и развој КфВ, и уплатила 300 милиони евра на сега веќе пропаднатата американска инвестициона банка Леман Брадерс во понеделникот, денот кога банката објави банкрот. Парите се загубени неповратно. Како што се дознава информацијата за извршената трансакција предизвикала голема дебата и кавги во германската влада. Владата очекува брз одговор, ијзави портпаролот на министерството за финансии Торстен Албиг.

„Очекуваме брзо разјаснување на ваквата како што велат техничка грешка, која за нас е необјаснива. Се надеваме дека наскоро ќе ни биде објаснета и потоа ќе бидта извлечени соодветни консквенци.“ Денеска треба високи политички претставници и управниот одбор на банката да заседаваат околу овој случај.

Повторно пад на берзите

Deutschland Börse Frankfurt Reaktionen Finanzmarktkrise

Берзите повторно реагираат

Како последица на кризата, и покрај првичното опоравување се уште се регистрираат загуби на берзите. На берзата во Токио индексот Никеи на половина од работниот ден загуби 3,18 %. Јапонската централна банка, трет ден по ред инјектираше милијарди на пазарот на пари. Денеска на располагање стави 2,5 милијарди јени, што е околу 17. 70 милијарди евра. Слично беше и на берзата во Њујорк, каде индексот Дау Џонс падна за 4,18%.