1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Евтин“ Ајфон треба да ја освои Кина

Епл до пред една година беше на врвот. Сега концернoт мора да се бори за муштерии со евтина варијанта на својот Ајфон. Целта е пред сѐ азискиот пазар, каде конкуренцијата е силна.

Со новиот апарат Епл има намера да ги убеди кинеските муштерии. Заштитната обвивка е во боја, а телефоните се со редуцирани можности и поевтини. Сепак, многумина се и покрај тоа разочарани од цената. Студентот Лиу Донгхаи од Пекинг вели:

„Очекував новиот 5Ц да чини околу три илјади јуани. Сега гледам дека чини над 4 илјади јуани. Мислам дека за редуцирана верзија тоа е многу.“

Кина е најголем светски пазар за смартфони. Но токму тука Епл бележи загуби. Самсунг води со своите поевтини апарати, а во меѓувреме се етаблираа и кинеските марки.

На пример - Шаоуми. Фирмата постои од пред три години, но нејзиниот млад основач е веќе милијардер и третиран е како кинески одговор на Стив Џобс. Шаун Реин од Групата за истражување на кинескиот пазар, оценува:

„Епл веќе не е кул нештото што дваесетгодишниците сакаат да го имаат по секоја цена. Имиџот на марката е во голем пад. Младите Кинези сега ги сакаат кинеските марки како Шаоуми или дури и Леново.“

Зашто, тие се значително поевтини, а ги имаат речиси истите можности. Епл ќе мора да се потруди многу за во Кина повторно да освои простор.