1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Евро-избори во Бугарија

Во Бугарија денеска се гласа за нејзините 18 претставници во Европскиот парламент. Вкупно се пријавени 200 кандидати од 14 партии. Поради еден голем внатрешно-политички скандал со корупција, според последните анкети, интересот за изборите е многу мал. Според нив, на изборите ќе излезат само 37 насто гласачи. Се очекува најголем број гласови да освојат владејачките социјалисти, пред централно десната партија “Граѓани за европски развој на Бугарија“.