1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Евро-избори во Бугарија

Во Бугарија денеска се гласа за нејзините 18 претставници во Европскиот парламент. Вкупно се пријавени 200 кандидати од 14 партии. Поради голем внатрешно-политички скандал со корупција, според последните анкети, интересот за изборите е многу мал – се очекува да излезат само 37 насто гласачи. Најголем број гласови, според анкетите, би можеле да освојат владејачките социјалисти, пред централно десната партија “Граѓани за европски развој на Бугарија“.