1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Евро-атланските интеграции се одразуваат и врз македонската економија

Македонија целосно се фокусира врз членство во ЕУ и НАТО од друга страна стопанството е истрошено од долгата транзиција па може да се соочи со многу проблеми ако земјата остане надвор од евро-атланските интеграции.

default

Шефот на македонската дипломатнија Антонио Милошоски неодамна изјави „Мојата прогноза за следните четири години е дека од Македонија ќе имаме вести на политичка стабилност, унапредување на мултиетничкиот модел на општеството, солиден економски развој и одвреме навреме одредени повеќе или помалку популарни недоразбирања, препукувања или дискусии околу спорот со името“.

Со оваа изјава министерот за надворешни работи Милошоски навестува дека Македонија нема да го реши проблемот со Грција. Во тој случај се мали или речиси никакви шансите за влез во НАТО и напредок кон ЕУ во наредните четири години. Тоа би имало многу негативен ефект врз македонската економија предупредуваат експертите и бизнисмените кои ги анкетираше Дојче Веле.

Странскиот капитал отвора нови работни места

Тој бара стабилност и тоа го пронаоѓа во земјите кои веќе станаа дел од глобалниот безбедносен систем. Додека Македонија е надвор од него, невработеноста и натаму ќе биде голема, платите ниски, растот на економијата ќе стагнира, ќе продолжат неизвесноста и агонијата во кои се наоѓа земјата 17 години, смета аналитичарот Сем Вакнин.

Еден од повлијателните бизнисмени во Македонија кој посредуваше во последните крупни странски инвестиции во Македонија Ристо Гуштеров предупредува дека странскиот капитал бара големи пазари, а Македонија како мала земја може да ги обезбеди само преку интеграција во НАТО и ЕУ.

По самитот во Букурешт во април годинава спласна оптимизмот за продор на странски инвестиции и забрзан економски раст. Догло време Македонија е фокусирана на политичките случувања, екониомијата постојано е на втор план. На Македонија и е неоходна интеграцијата што ќе и овозможи покомотна посветеност на економските предизвици.