1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Еврото-Роденден без славје

Еврото го одбележува својот прв тркалезен роденден, но никому не му паѓа на памет да слави. Славеникот е имено во криза. Политичарите и економистите за тоа колку уште вреди валутата и зошто се исплати вербата во еврото.

Од 1-ви јануари 2002-ра година се плаќа со евра, денес веќе во 17 земји на ЕУ. По десет години од неговото воведување меѓутоа никој не го слави неговиот роденден, ниту во Брисел. Имено политичарите и економистите се единствени во ставот: не е време за роденденска прослава. Политичарот од редовите на Зелените Свен Гиголд појаснува „Искрено кажано не ми е до славје“. Исто така и економистот Јанис Еманолиду смета дека ова не е погоден момент за прослави. Либералот

Symbolbild Langeweile Party schlechte Laune

Не е време за прослава

Александар Гроф Лампсдорф вели: „Еврото не го слави својот роденден. Во моментов сите сили се насочени еврото да се стабилизира“.

Она во што не се единствени експертите и политичарите е каква е иднината на заедничката валута.

Славеникот во моментов е на интензивна нега, но еврото ни од далеку не е погрешно, вели европратеникот од редовите на СПД, Удо Булман, напротив: „Еврото е среќен случај за целата ЕУ, но мора политички подобро да биде одбрането“. Добра валута, погешна политика, во тоа е уверен и Свен Гиголд од Зелените. Исто така и неговиот колега од ФДП Гроф Ламбсдорф не може да препознае грешки во монетарната унија. Економистот Јанис Еманулидис од бриселската тинк-тенк ЕПЦ, има ушто еден аргумент во корист на еврото. Според него во изминатите десет години еврото било постабилно од германската марка.

Лончето би можело да претече

Научникот Гунтрам Волф од тинк-тенк Бругел меѓутоа вели дека политичарите стравуваат дека проектот ќе пропадне и дека нивниот страв е оправдан. Тој смета дека ако продолжи рецесијата и се’ повеќе луѓе од Атина до Лисабон останат без работа и на југот на континентот политичката ситуација излезе од контрола, тогаш лонченто би можело да претече. Најлошото сценарио би било политичка нестабилност и можеби би дошло дури и до политичко мнозинство кај големите земји да го напуштат еврото.

Еврото еден ден водечка светска валута?

Шефот на француската Централна банка Кристијан Нојер пак отимистички предвидува дека и покрај должничката криза еврото би можело да прерасне во светска водечка валута. Ако земјите на еврозоната успешно ги спроведат плановите за засилено усогласување на економската политика, тоа би било можно дури во рок од една деценија, пишува Нојер во коментарот за францускиот весник „Журнал д’ димаж“. Неговиот германски колега, претседателот на Бундесбанката Јенс Вајдман пак ја повика германската влада да штеди уште повеќе отколку што досега планираше. „Германија како сидро за стабилност на монетарната унија има особена одговорноста за тоа“, изјави Вајдман за утрешното издание на весникот „Тагесшпигел“. Охрабрувачки е што германската влада во годината што измина значително го намали дефицитот, но не смее да попушти во овие настојувања“, апелира Вајдман.

Автор: Мартин Боне/ Александра Трајковска/ ртре/ дпа

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM