1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Еврото низ удолница

Како жртва на вчерашното холандско НЕ за уставот на Европската унија настрада еврото. По објавувањето на резлутатите заедничката европска валута вредеше еден долар и 2160, што е најниско во последниве месеци. Трговците со девизи на тај начин реагираа на политички кризната атмосфера:

Политичката криза во Европа придонесе за паѓање на вредноста на еврото. Само во последниот месец еврото загуби 5 проценти од вредноста, што е нов развој. Според мислењето на берзијанците тоа што паѓа курсот главно се должи на владините кризи во Германија и Франција, како и одбовањето на уставот на ЕУ од страна на Холандија. Холгер Бар од Декабанк смета:

„Долгорочно не е ништо значајно што еврото се движи во таква насока, но краткорочно сигурно е тема што придонесе тоа да падне и под долар и 23 центи„.

Според мислењето на економистите, порастот на еврото зависи од добрите резултати на европската конјунктура. Меѓутоа, според прогнозите стопанскиот пораст во Европа ќе изнесува 1,2 насто, или само половината од порастот во САД.