1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Еврото во рекордни височини

На финасиските пазари евротого привлече вниманието: Веќе со недели бележи високото ниво во однос на доларот, а сега ја прескокна границата од 1, 37 долари и го надмина досегашниот рекорд.

default

Евра

Еврото достигна ново рекордно ниво. Тоа чинеше повеќе од 1,37 долари. Со ова го достигна рекордот поставен во април годинава кога европската валута чинеше 1,3682 долари.

Една од причините за зголемување на вредноста на еврото е економскиот пораст во ерво зоната, вели Гертруд Трауд шеф економист во хесенската Ландесбанк „Сосема едноставно е: Еврото е силно бидејќи во еврозоната е јака конјуктурата и се смета на натамошни покачувања на каматите на европската централна банка. Обратно конјуктурата во САД тендира кон послаби резултати значи од една страна се’ за еврото и во моментов се’ против доларот.“

Загрижува пред се нестабилната состојба на пазарот за недвижнини, вели еден трговец со девизи кој работи во една од големите банки во Франкфурт. Таа стравува дека ова може да влијае врз другите економски области во Америка и дека ова би можело да нанесе големи штети на економскиот пораст, што негативно би влијаело врз американскиот долар.

Конечно силното евро покажува една работа: европската валута цврсто се етаблираше и за многу инвеститори е интересна можност за парични влогови: парите се тука, што мора да бидат вложени, пред се кај многу странски инвеститори, вели Фидел Хелмер од банкарската куќа Хаук „Кога се гледа колку позитивно се развива еврото тогаш пологично е да се иневстира во економијата која позитивно се развива и во валута која има позтивен развој отколку во американскиот долар каде се зборува дека може да има проблеми на пазарот за невижности и каде генерално сигурно нема да се инвестира во така добра ситуација како што во моментов постои во Европа.“

Сега за сега не е на повидок дека ова е последно рекордно ниво на европската валута. Се повеќе има знаци дека слабее америанската економија, ситуација која може да го стави доларот под уште поголем притисок.