1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Еврото - безнадежен случај?

Пред Европа се денови за одлука. Во јануари 2002-ра година воведена е заедничката влаута. Сега се работи на спас на еврото. Но, дали оваа валута е толку лоша како што се зборува понекогаш?

Сонот за европското обединување - него ништо не го симболизира толку многу како еврото. Но, сега заедничката валута е под се’ поголем притисок на финансиските пазари. Дали еврото навистина е безнадежен случај?

„Парите секогаш се мешавина од прагматизам, надеж и страв. Во моментов преовладува стравот кај многу луѓе и поради тоа мора да се постави прашањето - зошто луѓето се плашат? Бидејќи, тие се убедени дека имаат лоша валута, а притоа валутата е силна“, истакнува Мартин Шулц, претседател на Европскиот парламент.

Всушност, еврото ги задржа најважните почетни ветувања. Надворешната вредност се’ уште му е стабилна, а инфлацијата и покрај кризата е стабилна. Како и што си посакуваа основачите, еврото ја промовираше преку-граничната трговија - предност за извозно ориентираните земји како Германија.

„Тоа ја поттикнуваше европската економија во првите седум или осум години. Еврото помогна во справувањето со финансиската криза“, вели Ги Верхофштат, европратеник и претседател на Либералите.

Мартин Шулц, претседателот на Европскиот парламент појаснува:

„Не се работи за криза на валутата, туку за нестабилноста на политичкиот систем, кој ја слабее валутата. Поради тоа нам ни треба политичка унија, а тоа не подразбира ништо друго освен елиминирање на нестабилноста“.

Martin Schulz in Brüssel PK mit Serbien Ivica Dacic

Мартин Шулц, претседател на Европскиот парламент

Но, многу европратеници не извлекоа од тоа заклучок. А, повеќе одлуки мораат да се донесат на европско ниво. Затоа, Европскиот парламент мора да добие повеќе права и Комисијата да стане вистинска европска влада. Само со повеќе демократија би можела Европа повторно да си најде дел во срцата на Европејците.

Мартин Шулц, претседател на Европскиот парламент препорачува:

„Дали можам да им гарантирам на моите деца дека ќе го имаат истиот просперитет што го имам јас? Мојата визија е - да, и тоа го посакувам. А, тоа нема да го добијам, ако се разделиме на 27 делови, туку преку силна, единствена, политички водена унија“.

Слично мисли и Ги Верхофштат, европратеник и претседател на Либералите:

„Во утрешниот свет нема да има само 198 држави. Ќе има големи нации и империи, како Кина, Индија, Бразил, САД и Јапонија. Ако сакаме да играме улога во новиот светски поредок, тогаш тоа ќе го направиме единствено со создавање на федерална унија.

Европарламентарците се убедени дека оваа криза ќе доведе до решавачка одлука. Тие се надеваат дека на крајот Унијата нема да се распадне, туку наместо тоа ќе расте во зближеност и во заедништво.