1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Европско решение за спорот со името!?

На решението на спорот со името треба да му се даде европска димензија. Треба да се дискутира и зад затворени врати - истакнуваат за ДВ европратеникот Кристијан Елер и пратеникот во Бундестагот Гунтер Крихбаум.

default

Кристијан Елер, европратеник (ЦДУ)

„Мислам дека е се’ појасно оти европско решение не може да биде кратење на правото на Македонија на самоопределување. Тоа би било спротивно на европските вредности. Со сегашната криза во Грција и поврзаноста на целиот Балкан сметам дека шансите за решавање на спорот се зголемуваат! Со едно ограничување, а тоа е доколку во Грција власта ја преземат екстремистичките сили, кои не само што ќе сакаат истапување од еврозоната и скршнување на Грција од Европа, туку со националистичките гледишта - работата уште повеќе ќе ја усложнат. Лично верувам дека иако спорот трае долго, може да му се даде европско решение, а тоа е: самоопределбата на Македонија, а со тоа решение за името кое ниту на една земја не може да и‘ се ускрати!“, изјави за ДВ д-р Кристијан Елер, пратеник во Европскиот парламент, одговарајќи на прашањето - како може Европската Унија да и‘ помогне на Македонија во спорот со името?

„Мислам дека за спорот со името мора да се дискутира зад затворени врати за да се дојде до решение. Спорот тлее толку години. Затоа е важно на Грција да и’ кажеме дека посакуваме скоро решение, а од друга страна - од Македонија да побараме сигнали наспроти Грција - на вештачки начин да не фрла масло во огнот! Затоа верувам дека кога овие две работи би се случиле, би било можно и доближување на двете страни, зашто една ваква расправија за името во денешна Европа е апсурдна“, коментира и Гунтер Крихбаум, пратеники на ЦДУ и претседавач со Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг.

Deutschlands Rolle in der EU

Гунтер Крихбаум (ЦДУ), прв човек на Комисијата за европски прашања во Бундестагот

Доближување со европска асистенција

Со оглед што деновиве во германските весници осамнаа информации дека земјите од еврозоната се подготвуваат за заминувањето на Грција прашавме: дали спорот околу името би бил ад-акта доколку јужниот сосед го напушти евро-семејството?

„Јас лично малку верувам во шпекулацијата за излегување на Грција од еврозоната. Кога е во прашање спорот со името, сакам брзо да се реши, зашто во суштина и во другите делови од Европа има тешкотии. Кога двете страни би се доближиле, со европска асистенција, поддршка и посредство, можно е тука скоро да дојде до решение“, дополнува Гунтер Крихбаум.

„Сметам дека Европа и доближувањето на Македониај кон неа, европските перспективи ќе го решат ова прашање. Незамисливо е дека Балканот на долг рок ќе остане надвор од ЕУ. Тој е еден битен дел од Европа. Европското членство е само прашање на време! Со него ќе се реши и проблемот од типот на името. Ваквата состојба е незмисливо да продолжи“, подвлече во разговор за Дојче веле европратеникот Кристијан Елер.