1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Европско првенство со политички сенки

Европското првенство во Полска и Украина почнува за два дена. Спортските радости и очекувања се поматени од политичките настани. Домаќините посветуваат големо внимание на темата - безбедност.

Првпат по 36 години, откако во 1976 година најдобрите тимови од континентот беа нагости во тогашна Југославија, едно Европско фудбалско првенство се организира во Источна Европа. Но радоста пред првенството во Полска и Украина е малку поматена. Спортот во последните месеци беше често во сенката на политиката. Случајот на затворената украинска опозиционерка Јулија Тимошенко беше во фокусот на медиумскиот интерес. Многумина високи западноевропски политичари, меѓу кои и новиот француски претседател Франсоа Оланд, не сакаат да патуваат за Украина, за на тој начин да го изразат протестот против повредите на човекови права во земјата. „Сакам фудбал, но она што се случува во Украина е проблем“, изјави Оланд.

Експлозија на трошоците

Ukraine, Kharkov EM-Logo

Поради бавните подготовки УЕФА повеќепати се закани дека ќе и‘ ја одземе на Украина организацијата на ЕП

Европската фудбалска унија УЕФА имаше намера со доделувањето на првенството на држава од поранешниот СССР да придонесе за демократизација на земјата. Но Украина се разви во проблематичен случај, и тоа не само политички. Поради бавните подготовки УЕФА повеќепати се закани дека ќе и‘ ја одземе на земјата организацијата на Европското првенство. Инфраструктурата се‘ уште се чини не му е дорасната на големиот спортски настан. Освен тоа, трошоците експлодираат. Економските експерти очекуваат Украина по завршување на турнирот да има загуби од милијарди евра. За ко-домаќинот Полска изгледите се значително подобри, иако надежите за економски бум како последица на Европското првенство се чинат претерани.

Топ фаворити се Шпанија и Германија

Двете земји домаќини со резултатите на крајот на турнирот веројатно ќе имаат малку врска, зашто и полската и украинската репрезентација би биле среќни кога би го „преживеале“ натпреварувањето по групи. За топ фаворити важат се‘ уште Шпанија и Германија. Европскиот и светски првак од Иберискиот полуостров доминираа со фудбалот во текот на изминатите години и суверено водат на светската ранг листа. Но, поради повреди, во шпанскиот тим ќе нема двајца клучни играчи - шефот на одбраната Карлос Пујол и напаѓачот Давид Вила. Германскиот тим со просечна старост на играчите од 24,4 години е најмладиот на првенството и според експертите, мерено според играта, е близу шпанскиот тим, иако последните тест натпревари даваа поинаков впечаток. „Не

Polen Danzig Deutsche Nationalmannschaft

Германскиот тим е најмлад

размислувам за неуспех“, вели сојузниот тренер Јоахим Лев. Германија чека на голема титула уште од Европското првенство во 1996 година.

Германската екипа нема време да се подобрува во текот на првенството. Уште во играта по групи ја чекаат тешки противници - Португалија, вице-светскиот првак Холандија и Данска. Многумина веруваат дека Холандија ќе ја освои титулата. Во кругот фаворити се вбројуваат и Франција и Италија. Двете репрезентации се опоравија од неуспехот на светското првенство во 2010 година. Франција дури е непоразена во 20 натпревари. Можеби и Англија, мајката на фудбалот, ќе има што да каже на тема - титула.

Првиот натпревар на Европското првенство се игра в петок (08.06) во Варшава, а финалето е закажано за први јули во Киев. Покрај овие два града, натпреварите ќе се играат уште и во Гдањск, Вроцлав и Познањ во Полска, како и во Доњецк, Харков и Л‘вов во Украина.

Полиција „колку ти душа сака“

Symbolbild Hooligans EM 2012

Најавени се остри мерки против хулиганите

Двете земји домаќини посветуваат големо внимание на темата безбедност. Полска најави строги контроли на границите. Хулиганите ќе бидат враќани назад уште при влез во земјата. Во текот на Европското првенство ангажирани ќе бидат околу 10.000 припадници на полските безбедносни сили. Украина, на деновите кога се играат натпреварите, во големите градови ќе ангажира по 7000 полицајци. И владата во Киев е со девиза - нула толеранција за насилство. Амнести Интернешнл критикува дека украинските безбедносни сили при нивните акции, не само против опозиционерите, туку и против фудбалските фанови, често и самите ја пречекоруваат законската граница.